ПОЧИНА ШАРМАНТНИОТ КРИМИНАЛЕЦ ШТО ГО ПОТТИКНА ТЕРМИНОТ „СТОКХОЛМСКИ СИНДРОМ“ Заложниците го засакале Олофсон, полицијата им станала непријател

Кларк Олофсон рекол дека ејствувал со цел да ги заштити заложниците и за тоа „имал тивка согласност“ од полицијата. Тој е прогласен невин за тој упад, но бил вратен в затвор за да го отслужи остатокот од претходната казна.

239

Почина Кларк Олофсон на 78-годишна возраст – познат како еден од двајцата харизматични криминалци, вклучени во држењето заложници во банката Кредитбанкен во Стокхолм, што го покрена поимот „Стокхолмски синдром“.

Тој починал по долго боледување, изјави неговото семејство за интернет-страницата „Дагенс ЕТЦ“ (Dagens ETC).






Олофсон стана меѓународно познат во 1973 година, по упадот во шведската банка, проследен со заложничка криза. За време на шестдневната опсада, заложниците на Олофсон почнале да сочувствуваат со него и со неговиот соучесник Јан-Ерик Олсон, бранејќи ги нивните постапки, додека станувале сè понепријателски настроени кон полицијата.

Олофсон, според своите кажувања, дејствувал со цел да ги заштити заложниците и за тоа „имал тивка согласност“ од полицијата. Тој е прогласен невин за тој упад, но бил вратен в затвор за да го отслужи остатокот од претходната казна.

Олсон добил 10 години казна затвор.

Настанот во Стокхолм ѝ го даде името на теоретската психолошка состојба „Стокхолмски синдром“ во којашто жртвата на киднапирање или заложништво развива наклонетост кон своите киднапери.

Олофсон е повеќекратен престапник и поголемиот дел од својот живот го минал в затвор. Последен пат е ослободен во 2018 година, откако отслужил казна во Белгија за прекршоци поврзани со дрога.

Поврзани содржини