ПОЧИНА НАЈМРЗЛИВИОТ ГЕРМАНЕЦ На сметка на државата живеел 50 години

Дибел се прослави со изјавите како „Кој работи е глупав“, како и со песната со наслов „Убаво ми е“, која стигна до топ 100 најпродавани синглови во Германија.

1,160

Германецот Арно Дибел, познат и како најмрзливиот човек на светот, починал во Универзитетската болница во Хамбург-Епендорф на 67-годишна возраст.

Овој доживотен корисник на паричен надоместок за невработеност се прослави со изјавите како „Кој работи е глупав“. Со ваквите негови изјави тој го навлече гневот на другите граѓани гостувајќи во многу популарни ТВ-емисии каде вели дека ја одбива секоја понудена работа и претпочита да живее на сметка на државата – пишува Билд.






Дибел многу често со гордост се фалеше дека не работи со децении. Неговата мрзеливост се обиде да ја „продаде“ со гостување во разни емисии, а снимил и неколку песни.

Меѓу другото, тој објави песна со наслов „Убаво ми е“, која стигна до топ 100 најпродавани синглови во Германија.

Инаку, Дибел по завршувањето на основното училиште на 16-годишна возраст се обидел да се вработи, но таа авантура кратко траеела.

„Работев како хонорарен фотограф две години, но ја напуштив работата. Едноставно немав повеќе мотивација“, изјавил тој.

Од 1974 година живеел од државна помош, а со годините на неговата сметка се слеале илјадници евра.

Тој боледувал од белодробна болест, која со текот на времето станала хронична, па се претпоставува дека таа е причина за неговата смрт.

Поврзани содржини