ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ГЛУМИЦА И ОСКАРОВКА Младите ја знаат по улогата во „Хари Потер“

Смит во „Хари Потер“ ја глумеше професорката и магионичарка Минерва Мек Гонагал.

653

Актерката Меги Смит, позната по филмовите за „Хари Потер“ и серијата „Даунтаун Аби“, почина на 89-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Во изјавата на нејзините синови Тоби Стивенс и Крис Ларкин се вели:






„Со голема тага мораме да ја објавиме смртта на Дејм Меги Смит. Таа почина мирно во болница рано утринава, петок, 27 септември. На крајот беше опкружена со пријателите и семејството. Зад себе остави два сина и пет сакани внуци кои се уништени од загубата на нивната извонредна мајка и баба“.

Синовите на Смит додаваат:

„Би сакале да ја искористиме оваа прилика да му се заблагодариме на прекрасниот персонал во болницата Челзи и Вестминстер за нивната грижа и несебична добрина во последните денови. Ви благодариме за сите ваши љубезни пораки и поддршка и ве молиме почитувајте ја нашата приватност во овој момент“.

Смит во „Хари Потер“ ја глумеше професорката и магионичарка Минерва Мек Гонагал.

Дејм Меги освои два Оскари во текот на нејзината кариера – за „Пикот на Мис Жан Броди“ во 1970 година и за „Апартман Калифорнија“ во 1979 година.

Поврзани содржини