ПОЧИНА КУЧЕНЦЕТО ЧИЈ ЛИК ГО ИМАШЕ НА СЕКОЕ МЕМЕ НА ИНТЕРНЕТ Неговиот сопственик ја обзнани тажната вест
Сопственикот на Чимс рече дека било предоцна за хемотерапија, а ги замоли фановите да се потсетат на „радоста што Балце му ја донесе на светот“.
Не постои интернетџија кој барем еднаш не го видел лицето на кучето Чимс Балце во монтирана фотографија од некоја шега на интернет, или како што се вели – меме. Ова куче почина во петокот од рак во Хонг Конг. Тоа е од расата Шиба Ину. Сопственикот на Чимс рече дека било предоцна за хемотерапија, а ги замоли фановите да се потсетат на „радоста што Балце му ја донесе на светот“.
„Кучето со тркалезното насмеано лице ме поврза со вас, им помогна на многумина за време на пандемијата и донесе многу радост, но сега неговата мисија е исполнета. Верувам дека слободно трча на небото и јаде многу вкусна храна со новите пријатели“, напиша сопственикот на социјалните медиуми.
Чимс стана интернет-сензација во 2019 година. Посебно популарен беше неговиот лик кога се мршти во врска со нешто.
Куче од ваква раса поседува и трилијардерот Илон Маск, а во еден период тој се шегуваше дека ќе го постави песот за нов газда на Твитер.
View this post on Instagram