ПОЧИНА ЌЕРКАТА НА ЈУЛИЈА Сликарката Андријана Мациевска ја изгуби битката со ракот

Сликарката Андријана Мациевска чија мајка е пејачката и водителката Јулија, утрово ја изгубила битката со ракот. Пред само неколку дена, нејзината мајка побара од пријателите да се помолат за нејзината ќерка која тогаш се борела за живот на Клиниката за онкологија

3,907

По две години борба со ракот, денес почина Андријана Мициевска, сликарка и ќерка на водителката и пејачка Јулија Мациевска. Андријана почина на 41 години, а со ракот се бореше цели две години.

Пред неколку дена, по влошувањето на состојбата на Андријана, Јулија на својот Фејсбук профил побара од пријателите да се помолат. Андријана починала на Клиниката за онкологија.






„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божјо чудо, зошто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче“, напиша тогаш Јулија.

На Андријана ѝ беше дијагностициран рак во 2020.година. Ракот метастазирал на коските и црниот дроб. Таа по една година хемотерапии и зрачење, успеа да застане на нозе. Во меѓувреме уметници и пријатели на Андријана ги продаваа своите дела и собираа средства за нејзините натамошни трошоци за лекување.

За жал, Андријана ја изгуби битката.

Поврзани содржини