ПОБЕДНИЦИТЕ НА ЕВРОВИЗИЈА НЕ ДОБИВААТ ПАРИ? Стаклен трофеј и пат до светските бини

Сепак, некои држави решаваат дополнително да ги наградат своите претставници. Така, по победата на Кончита Вурст во 2014 година, австриската влада ѝ додели 2,5 милиони евра.

132

Победниците на Евровизија не добиваат парична награда туку рачно изработен трофеј од стакло, кој е во форма на микрофон и има пескарени детали. Авторите и композиторите на песната исто така добиваат помала верзија од трофејот.

Победата на 24-годишниот Џеј Џеј ѝ донесе главоболки на Австрија која треба да обезбеди десетици милиони евра за организирање на следното евровизиско издание.






Но, победата значи многу за кариерата на музичарите. За Италијанците Манескин кои победија во 2021 година тоа беше отскочна фаска да настапат на светски фестивали, меѓу кои и Glastonbury во 2023 година.

Сепак, некои држави решаваат дополнително да ги наградат своите претставници. Така, по победата на Кончита Вурст во 2014 година, австриската влада ѝ додели 2,5 милиони евра.

 

Поврзани содржини