ПО ЗАКАНИТЕ ОД ЧЕЧЕНСКИОТ ЛИДЕР Илон Маск за инает го промени името во Илона

Морате да ги зајакнете мускулите за да се трансформирате од нежна Илона во брутален Илон каков што треба. Ви предлагам да тренирате во неколку центри во Чеченија, напишал Кадиров.

2,047

Познатиот светски милијардер Илон Маск не запира во препирките со чеченскиот лидер Кадиров. Откако Кадиров на мрежата Телеграм му порача дека треба да вежба за да има вистински двобој со Владимир Путин за од „Илона, да стане Илон“, денеска Маск за инат, или заради сатира го промени своето име во Илона Маск на официјалниот твитер-профил.

 






„Ти благодарам за понудата, но толку одличен тренинг би ми дал преголема предност. Доколку (Путин) се плаши од борба, ќе се согласам да ја користам само левата рака, а јас не сум левак“, му одговори уште вчера Маск на Кадиров.

А, еве кои совети за тепање му ги даде Кадиров на Маск на Телеграм.

„Морате да ги зајакнете мускулите за да се трансформирате од нежна Илона во брутален Илон каков што треба. Ви предлагам да тренирате во неколку центри во Чеченија“, напишал Кадиров.

Чеченскиот лидер дури сподели со Маск неколку локации во Чеченија каде тој би можел да се подготви за дуелот со Владимир Путин.

„Универзитетот на руските специјални сили – каде што ќе поминете низ обука за огнено оружје со светски шампиони кои лесно ги победија американските специјални сили во 2015 година. Другата локација е Боречкиот клуб Ахмат – тука ќе тренирате како да примите удар. Под водство на Абузајед Висмурадов, ќе научиш како брзо да „станеш“, не само физички, туку и психички“, вели Кадиров.

Како трето место каде што можеше да тренира за дуелот со Путин, Кадиров иронично ја спомена чеченската републиканска телевизија „Грозни“.

„Во оваа институција ќе те научат на американски методи за „црн ПР“ и ќе те научат како да ги следиш и ажурираш сметките на социјалните мрежи. На крајот на краиштата, ќе се вратиш од Чеченија како сосема друга личност, Илона, ти ќе бидеш Илон“, заклучува Кадиров.

 

 

Поврзани содржини