ПО „Z“ И „V“ МОЛДАВИЈА ЗАБРАНИ АНТИФАШИСТИЧКИ СИМБОЛ Приказната на машничката на Свети Ѓорѓи води од царска Русија до денешната „специјална операција“

Во оригиналниот статут на Редот на Свети Ѓорѓи, напишан во 1769 година, тековните портокалови ленти на лентата биле опишани како жолти. Како и да е, тие често биле изработени како портокалови во пракса. Се вели дека боите ги симболизираат огнот и барутот на војната, смртта и воскресението на Свети Ѓорѓи, односно боите на оригиналниот руски царски грб  - црн двоглав орел на златна позадина.

563

Уставниот суд на Молдавија ја потврди одлуката за забрана на познатата црно-портокалова панделка на Свети Ѓорѓи, антифашистички симбол со кој се одликувале советските војници на Источниот фронт во Втората светска војна. Молдавскиот премиер Дорин Ресин најави дека оние кои ќе ја носат панделката ќе се соочат со парични казни:

– Одлуката на Уставниот суд не менува апсолутно ништо во споредба со 9 мај 2022 година – рече Ресин за новинарите, мислејќи на годишните прослави на Денот на победата во Русија, каде панделката обично е главен симбол.






– Овие симболи се забранети како и буквите „V“ и „Z“, кои сега се тесно поврзани со тековната руска воена кампања во Украина – додаде тој.

Коментарите на Ресин дојдоа околу две недели откако Уставниот суд на Молдавија одлучи дека прво мора да се утврди дека симболите за кои станува збор биле користени со цел да се оправдаат или глорифицираат „дејствата на воена агресија“ пред лицето да биде казнето.

Тука се мисли на фактот дека црно-црвената машничка и во моментот се користи за одлукување на војници и генерали во војната во Украина.

Одлуката на судот ги збуни некои од членовите на Социјалистичката партија во Молдавија, кои мислеа дека судот ја кренал забраната за лентата. Судот мораше да се дообјасни дека забраната, која заедно со забраната за другите два симболи беше првично донесена минатиот април, важи и е потврдена.

Според молдавските медиуми, повеќе од 300 луѓе биле казнети поради носење на лентата минатата година. Казната за обичен граѓанин е до 2.000 долари, за претпријатие до 6.700 долари, а за административците до 4.000 долари.

Но, потеклото на машничката е уште од времето на царска Русија. Лентата била воспоставена во 1769 година како највисоко воено одликување. Ја нарекуваат и грузиска лента, односно лента на Гардата. Војниците ја добивале за брилијантна изведба во војната. Освен лентата, понекогаш добивале и меч на кој била закачена лентата.

 

фото: твитер/принтскрин

Портокалово како барут, црно како смрт

Во оригиналниот статут на Редот на Свети Ѓорѓи, напишан во 1769 година, тековните портокалови ленти на лентата биле опишани како жолти. Како и да е, тие често биле изработени како портокалови во пракса. Се вели дека боите го симболизираат огнот и барутот на војната, смртта и воскресението на Свети Ѓорѓи, односно боите на оригиналниот руски царски грб  – црн двоглав орел на златна позадина.

Друга теорија е дека тие се, всушност, од германско потекло, изведени од ленти пронајдени на хералдиката на Куќата Асканија, од која потекнува кралицата Катерина II. Поврзаноста на грузиската лента со советската победа во Втората светска војна произлегува од советскиот медал „За победата над Германија“ .

Каде исчезна крстот?

Во 1806 година кон лентите бил придружуван и крстот на Свети Ѓорѓи. Крстот останал во аранжманот сè до Октомвриската револуција од 1917 година. Комунистите не го забраниле носењето на ордените, но забраниле тие понатаму да се изработуваат. Се чинело дека исчезнале воените награди.

Сепак, лентата неочекувано се појавила во Втората светска војна. Токму во моментот кога требало да се истераат Германците.

Симбол на руските малцинства, но и на рускиот национализам

Зошто руските војници од 2005 година наваму лентата ја нарекуваат грузиска е предмет на контроверзија. Името „ѓорѓи“ и „грузија“ се и лингвистички поврзани. Од 2014 година симболот стана многу поконтроверзен во одредени постсоветски држави, како на пример Украина. Овие држави симболот почнаа да го гледаат како израз на сепаратизам на руското население кое живееше во нив.

Гледано политички, симболот бил начин овие малцинства да покажат припадност кон владата во Москва.

Лани, по почетокот на руската окупација на Украина, на симболот почна да се гледа како на израз на рускиот национализам и тој беше ставен во корпа заедно со симболите „Z“ и „V“.

Децата кои пеат советски песни се закана за националната безбедност?

Сепак, од почетокот на 21 век, лентата на свети Ѓорѓи меѓународно се користи за подигање на свеста за одбележување на ветераните од Големата патриотска војна, односно од источниот фронт во Втората светска војна.

Во декември 2022 година, Молдавија повика на истрага за концертот на кој беа прикажани деца кои пееја советски песни од Втората светска војна, нарекувајќи го „закана за националната безбедност“.

Во меѓувреме, многу аналитичари ја спомнуваат Молдавија како прва земја во која ќе се прошири руската агресија. Неколку случаи на залутани проектили од војната во Украина ги засилија сомнежите дека е извесен конфликтот.

Молдавија неодамна го укина терминот молдавски јазик и го замени со терминот романски, јазикот на соседна Романија. Во источниот дел на земјата наречен Транснистрија или Приднестровје живее руско население и сè уште се присутни руски безбедносни сили.

Земјата брои 2,6 милиони жители.

Неодамнешни протекувања на документи до кои дојдоа повеќе западни медиуми во заедничко истражување покажаа дека Кремљ има план да ги „заузда“ соседните балтички земји Летонија, Литванија и Естонија, но и Белорусија со која планира да формира „држава на единство“ до 2030 година преку отворање на невладини организации, па и факултети, кои ќе промовираат проруски идеи, но и ќе се борат против забраната на руски симболи, а за правата на руските мацинства во овие земји, чие прекршување ќе го нарекуваат со зборот „нацизам“.

ПРОТЕКОА ПЛАНОВИТЕ НА ПУТИН ДА ГИ ЗАУЗДА ТРИТЕ „МАЛИ“ СОСЕДИ Литванија да не добие оружје, да ги уценуваме со струјата, да отвориме „културни клубови“

 

 

Поврзани содржини