ПО НИВ НИШТО НЕМА ДА Е ИСТО… Познати личности кои нè напуштија во 2023 година

Легендарниот македонски актер Мето Јовановски нé напушти во 77 година од животот оставајќи зад себе богат филмски и театарски актерски опус и импресивна биографија и список на награди. Речиси нема голем македонски филм во кој тој не играл.

1,246

Годината што измина ќе ја паметиме и по тоа што светот го напуштија многу познати имиња од културата и уметноста. Нивните дела зборуваат за себе, но и оставаат неизбришлива трага во колективната меморија на цели народи.

Мето Јовановски 






Легендарниот македонски актер Мето Јовановски нé напушти во 77 година од животот оставајќи зад себе богат филмски и театарски актерски опус и импресивна биографија и список на награди. Речиси нема голем македонски филм во кој тој не играл.

Некои негови реплики ќе останат засекогаш во сеќавањето на македонската публика: „Кофер ко кофер, празан“ од „Тетовирање“, „Што е тоа офсајд“ во „Трето полувреме“, „Волчкоо…“ од серијата „Опстанок“… И легендарното „Признај, п.. материна, признај!“, исто така од „Тетовирање“.

Тина Тарнер

Песната „Каква врска има љубовта со тоа“ ќе остане врежана во сеќавањето на многумина од постарите, но и од поновите генерации. Тарнер почина на 24 мај 2023 на осумдесет четири години, а зад себе остави бурен живот со слава, но и контроверзии каков што беше нејзиниот проблематичен брак. Таа беше наречена и кралица на рокенролот.

Шинејд О’Конор

Контроверзната пејачка позната по хитот „Ништо не се споредува со тебе“ почина кратко по смртта на нејзиниот син. Нејзината музичка кариера ја обележа борбата со бесот кој го чувствувала што била злоставувана како дете. Таа вели дека нејзината мајка имала „соба за мачење“ во која ја малтретирала. Таа вели дека солзите во спотот за песната се вистински.

Пејачката која го прими исламот имаше и скандал во кариерата кога искина слика од папата Јован Павле Втори за време на нејзиното појавување во шоуто Ес-Ен-Ел.

Метју Пери

Недорасчистените причини за смртта на „Чендел од серијата Пријатели“ го оставија светот во шок. Метју Пери нé напушти во октомври на 55 години кога беше пронајден во џакузито во неговиот дом. Пријателите, но и многу колеги се простија од него додека светот ги читаше приказните за неговата зависност од дрога и од алкохол со која тој се борел целиот живот.

Мајкл Гембон

Британскиот актер Сер Мајкл Гамбон, славниот Дамблдор од филмовите за „Хари Потер“, почина во болница на осумдесет и две години. Тој беше најпознат по улогата на професорот Албус Дамблдор во шест од осумте филмови за Хари Потер. Неговата сопруга и син рекоа дека „нивниот сакан сопруг и татко“ починал мирно со членовите на семејството по битка со пневмонија.

Тој доби четири награди Бафта за неговите актерски достигнувања, а беше награден со витез во 1998 година за неговиот придонес во забавната индустрија.

Рејчел Велч

Секс-симболот на седумесеттите не напушти на 83 години, иако причината за смртта на познатата глумица не беше објавена јавно. Најпозната е по улогите во „Фантастична патување“ и „Милион години п.н.е.“ во 1966 година.

Џина Лолобриџида

Италијански секс симбол на 1950-тите замина во својата 99-та година. Глумела со Френк Синатра, Шон Конери, Марчело Мастројани и Хемфри Богарт. До крајот на животот живеела во Рим, а позната е по „Леб, љубов и соништа“, „Крал, кралица и слуга“, „Сервантес“, „Трапез“, „Империјална Венера“, „Губавецот од Нотр Дам“.

Пако Рабан

Франциско Рабанеда Куерво, попознат под псевдонимот Пако Рабан, бил шпански моден дизајнер со баскиско потекло. Тој беше еден од најпознатите модни дизајнери во светот. Почина на 89 години. На телевизија тој тврдеше дека живеел неколку животи (вклучувајќи го и животот на проститутка во времето на Луј XV), дека го познавал Исус во претходниот живот, дека го видел Бог три пати, дека го посетиле вонземјани, дека го убил Тутанкамон и дека има 75.000 години.

Лиза Мари Присли

Лиза Мари Присли почина ненадејно на педесет и четири години и нејзината животна приказна остава многумина без здив. Доживеала загуби, смртни случаи, злоставувања, а била во брак со еден од најпознатите пејачи во светот Мајкл Џексон. Лиза Мари имала девет години кога умрел Елвис и наводно го видела неговото тело во бањата пред да биде однесена од собата.

По нејзината смрт на 12 јануари 2023 година, многу светски медиуми објавија дека нејзината мајка Присила и ќерката Рајли завршиле на суд, поради наследство. Како што е наведено, таа никогаш не зажали за трагедијата што се случи во 2020 година кога нејзиниот син Бенџамин Кио изврши самоубиство.

Џери Спрингер

Легендарниот водител на ток-шоуа, почина на седумдесет и девет години, а веста која ја растажи светската јавност беше објави неговото неутешно семејство. Во соопштението од семејството е потврдено дека тој починал „мирно“ во својот дом во Чикаго. Објаснија дека пред неколку месеци му бил дијагностициран рак, а неделава нагло му се влошило здравјето.

Поврзани содржини