📽 АТИНСКИОТ ПАРТЕНОН ЌЕ ПОЧЕКА, НО МАКЕДОНСКИОТ БЕШЕ РЕСТАВРИРАН По 16 години Грција го отвори објектот каде бил крунисан Александар Македонски

Објектот се простира на 15.000 квадратни метри. Грција работела на реставрацијата од 2007 година. Според министерката за култура Лина Мендони, реставрацијата била поддржана со буџет од 20 милиони евра, вклучително и со европско финансирање.

2,592

Реставрацијата на „Партенон на Македонија“ по 16 години работа, палата на Филип Втори во Грција го улови вниманието на јавноста во Грција и во Македонија. Според грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се работи за настан од светско значење. Во палатата на Филип воедно бил  крунисан и неговиот син, големиот војсководец Александар Македонски.

– Морам да ви кажам дека бев длабоко импресиониран од она што го видов пред малку, бидејќи оваа палата е навистина многу посебно архитектонско дело. Уметничко дело, на два ката, со многу мозаици и фрески кои го отсликуваат гламурот и моќта на Филип – изјави Мицотакис на отворањето на локалитетот.






Во ноември Мицотакис не успеа да оствари средба со својот британски колега Риши Сунак и да позборува за можното враќање на скулптурите и мермерите од Партенонот на Акрополот во Атина, парчиња од тимпанонот на храмот кои во 19 век биле присвоени од Велика Британија и однесени во Лондон. Според аналитичарите, изгледите Британците да ги вратат скулптурите се мали, иако Грција со години преговара за враќањето и изгради посебен музеј за нивно чување.

Но сега, вниманието е свртено кон „Партенон на Македонија“ во Еге, престолнината на античка Македонија во денешна Егејска Македонија.

Мицотакис вели дека Филип и Александар биле реформатори на тогашното општество:

– Филип и Александар, на свој начин биле одлични реформатори. Првиот, суштински еволуирајќи архаично општество во општество со поурбани карактеристики, со заеднички, унифицирани институции. А вториот, создавајќи градови, интегрирајќи големи и разновидни популации во империја со невиден обем.

 

Објектот се простира на 15.000 квадратни метри. Грција работела на реставрацијата од 2007 година. Според министерката за култура Лина Мендони, реставрацијата била поддржана со буџет од 20 милиони евра, вклучително и со европско финансирање.

Самото ископување на палатата започнало во 1865  година и продолжило „спорадично“ во текот на 20 век, велат археолозите. Објектот бил видно уништен од Римјаните во 148 п.н.е., кои подоцна владееле со Македонија.

Во меѓувреме, со Преспанскиот договор, Македонија и Грција ги уредија меѓусебните односи во врска со античкиот период од историјата. Обврските од овој договор уште не се исполнети од грчка страна, а остануваат обврски и од македонска страна.

МИЦОТАКИС НЕ ДОБИ НИТУ „С“ ОД СКУЛПТУРИТЕ ОД ПАРТЕНОН Сунак ја откажал средбата, Британија не е расположена да го врати украденото

 

 

 

 

Поврзани содржини