ПЛАЧЕТЕ, АМА НЕ ПРЕМНОГУ, ОПИЈТЕ СЕ, НЕ ЈА ПУШТАЈТЕ БЕРТА ДА ВЛЕЗЕ! 92-годишна ТикТок ѕвезда објави правила за нејзиниот погреб
Баба Дронјак која на социјалната мрежа ТикТок ја следат милиони луѓе, неодамна ги објави правилата за нејзиниот погреб: Берта не е поканета!
„Ова се моите правила за мојот погреб“, започнува Дронјак во новото видео, кое досега собра над 7 милиони прегледи. „Слушајте! Можете да плачете, но не премногу. Не правете будали од себе. Берта не е поканета. Не ја пуштајте внатре. И подобро е да се опиете подоцна”.
Таа во текстот на видеото додава: „Нема да биде наскоро, но не заборавајте“.
Баба Дронјак (92), која е славна личност на социјалната мрежа ТикТок, сподели неколку скромни барања за членовите на нејзиното семејство, поврзани со нејзиниот погреб. Инаку позната по дрските и генијални совети и новости од животот, оваа 92-годишна жена со најновата објава отиде чекор понатаму.
Видеото можете да го видите на порталот „Мајка и дете“.