ПИТА СО КРУШИ КАКО ВОВЕД ВО ЕСЕНТА Три одлични рецепти со ова вкусно овошје
Постојат илјадници видови круши, а освен што во свеж облик се одлична превентива за рак на дебелото црево, особено се вкусни питите со круши. Еве неколку одлични рецепти
Дали знаевте дека постојат илјадници видови круши и дека крушите всушност ги вбројуваме во семејството рози? Освен за консумирање во свеж облик, крушите се користат и за крушковец, а особено ни е драга питата со круши.
Но, пред да пробате некој од предложените рецепти, запознајте се со нутритивниот состав на крушите и причините зошто треба почесто да ги вклучувате во исхраната. Крушите се богати со витамини од групата Б, кои се важни за нервниот систем и енергијата.
Одредени видови круши, како што се вилијамовките, содржат калциум и железо, но и витамин Ц. Во 100 г круши се содржат околу 60 ккал, од кои околу 10 г шеќер и околу 3 г влакна, особено пектин. Крушите исто така содржат и бакар. Јадењето круши делува превентивно на рак на дебелото црево.
Нашите предлози за неколку различни пити со круши побарајте ги на порталот „Арт кујна“.