ПИПЕРКАТА ГО САКА МОРКОВОТ, ПЧЕНКАТА, ГРАВОТ И ТИКВАТА СЕ НАЈДОБРИ КОМШИКИ! Како да садите за билките добро да комуницираат?

Како треба да ги садите растенијата за да можат успешно да виреат, односно, кои билки треба да ги садите едни до други, а кои треба да бидат што подалеку? На пример, пиперките го сакаат друштвото на морковите , кромидот, лукот и власецот, а пченката, гравот и тиквата се најдобрите можни соседи

115

Растенијата развиле свои форми на комуникација во текот на милиони години еволуција. Тоа се главно биохемиски, физиолошки и еколошки механизми со кои реагираат на околните растенија. Ова одредува кои растенија се „добри“, а кои се „лоши“ соседи. Таквата хемиска комуникација меѓу растенијата се нарекува алелопатија. Тоа е способност на билката преку своите корени, лисја или гниење да ослободува супстанции кои: го инхибираат (забавуваат) или стимулираат растот на други растенија.






Преку биохемиска сигнализација, еволутивна селекција и микробни интеракции, растенијата создаваат средина што им одговара и која може да биде поволна или неповолна за другите растенија. На пример, морачот (анасонот) и црниот орев лачат супстанции што го инхибираат растот на повеќето соседи. Рогачот, жалфијата, пелинот – имаат алелопатски ефекти што се мешаат во ртењето на други растенија. А ‘ржта може да ослободи супстанции што го потиснуваат плевелот.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини