📽 ПИЛОТОТ ЈА ЗГРЕШИЛ ЛОКАЦИЈАТА Руски авион со 30 патници наместо на писта, слетал на замрзната река
Авион Антонов Ан-24 од советската ера на Полар Ерлајнс, утрово слета на замрзнатата река Колима во близина на аеродромот Зирјанка. За среќа, никој од патниците не е повреден.
Руски авион со 34 патници и членови на екипажот, наместо на пистата слетал на замрзната река на далечниот исток на Русија. Инцидентот се случил поради грешка на пилотот.
Авион Антонов Ан-24 од советската ера на Полар Ерлајнс, утрово слета на замрзнатата река Колима во близина на аеродромот Зирјанка. За среќа, никој од патниците не е повреден, пишува Би-Би-Си.
Според прелиминарната истрага, се работи за грешка на пилотот, соопштија обвинителите.
Во авионот имало 30 патници и четворица членови на екипажот. Летот PI217 полетал од Јакутск рано утринава и патувал за Зирјанка, оддалечена 1100 километри.
Видеото што го објави еден од патниците го прикажува авионот среде замрзнатата река Колима во источен Сибир.
Температурите во Зирјанка во овој период од годината може да се спуштат и до -40 степени Целзиусови. Обвинителите рекоа дека авионот слетал на песочна лента во реката и дека трагите во снегот покажуваат колку време требало да застане.