ПИЛЕШКИ ЏИГЕРЧИЊА ЗА ЗДРАВ МОЗОК И МЕНТАЛЕН МИР Кои други намирници се добри за нашиот мозок?
Тоа е намирница која не е на сечија дневна шопинг листа, но има многу хранливи материи, витамини и минерали. Првенствено, цинк, бакар, манган, витамини А, Ц, Д, Е, К, Б, железо, фосфор, холин и селен.
Храната има значително влијание врз здравјето на мозокот. Мозокот е орган кој бара правилна исхрана за да функционира оптимално. Јадењето храна богата со хранливи материи може да го поддржи здравјето на мозокот, да ја подобри когнитивната функција и да го намали ризикот од одредени невролошки заболувања.
Американската холистичка психијатарка Елен Вора вели дека првата работа на која обрнува внимание кога некој ќе ѝ каже дека е под стрес и дека сака да најде рамнотежа, е исхраната. Притоа, издвојува една намирница која самата секојдневно ја консумира во мали количини – пилешки џигерчиња.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.