ПИЕТЕ АПЧЕ И ВИ РАСТЕ НОВ ЗАБ Јапонските научници тестираат лек за регенерација на забите
Лекот делува така што го блокира протеинот USAG-1, кој нормално го спречува развојот на дополнителни заби. Со неговото инхибирање, се активираат „спијачките“ забни пупки, што може да доведе до појава на т.н. „трет сет“ заби.
Јапонските стоматолошки истражувачи направија револуционерен чекор кон природна регенерација на забите.
Во октомври 2024 година, тимот на д-р Кацу Такахаши од болницата „Китано“ во Осака, во соработка со Универзитетот во Кјото, ја започна првата фаза од клиничките испитувања на лек кој може да му овозможи на човечкото тело да израсне нови заби на природен начин.
Испитувањето во моментот опфаќа 30 здрави мажи на возраст од 30 до 64 години и има за цел да ја процени безбедноста на терапијата. Лекот делува така што го блокира протеинот USAG-1, кој нормално го спречува развојот на дополнителни заби. Со неговото инхибирање, се активираат „спијачките“ забни пупки, што може да доведе до појава на т.н. „трет сет“ заби.
Во претклиничките студии врз животни, еден единствен третман бил доволен за целосно формирање на функционални заби кај глувци.
Доколку првичната фаза биде успешна, научниците планираат тестирање и кај деца со вродена агнезија на заби (недостаток на природно развиени заби).
Според досегашните проекции, лекот би можел да стане комерцијално достапен околу 2030 година, нудејќи природна алтернатива за забните импланти и протези.