ПИЈТЕ КАФЕ, АМА САМО НАУТРО! Утринското кафе може да го заштити срцето подобро од сите кафиња во текот на денот
Научниците тврдат дека не е важно само дали пиеме кафе или колку кафе пиеме дневно, туку многу е поважно времето од денот кога пиеме кафе.
Утринското кафе се покажа како подобар заштитник на срцето и чувар од кардиоваскуларни болести во споредба со сите други шолјички од црниот напиток испиени во текот на денот.
Според истражувањето објавено во European Heart Journal, луѓето кои пијат кафе наутро имаат помал ризик од смрт од кардиоваскуларни болести и помал севкупен ризик од смртност во споредба со оние кои пијат кафе во текот на денот.
Кафето го намалува ризикот од некои хронични болести
Истражувањето било предводено од д-р Лу Чи, претседател на HCA Regents и професор на Универзитетот Тулејн, кој потсетува дека претходните истражувања покажуваат дека пиењето кафе не го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, и се чини дека го намалува ризикот од некои хронични болести. како што е дијабетес тип 2.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.