ПИЈАН СЛАВЕЈ, ПОЕЗИЈА, МУЗИКА, ХРАНА… Како дете обожувал попара и грав

Сѐ треба да е вкусно, како тоа што го ставаме во уста, така и тоа што излегува од неа, вели нашиот соговорник Бранислав Николов, пејачот на Фолтин и на Пијан Славеј. Како мал, бил слаб, ама обожувал попара и грав. Мразел кога млекото ќе фатело кора и кромид во гравот. Комплициран до немајкаде… Денес со семејството одгледува храна во малата градина. Силен е поривот да имаш градина, да произведеш храна, па нека е и симболично, вели тој

157

Бранислав Николов, познат и како Пијан Славеј, пејач на групата Фолтин, ама и на неговата релативно нова приказна, групата „Пијан Славеј“ која го имаше своето огнено крштевање на скопскиот „Oф фест 2021, пишувач, прво текстописец, а потоа и поет, со опус голем како да има 100 години, а не допрва 52.

Ќе си речете, каква врска има сега пак тој со нашите портали „Мајка и дете“ и „Арт кујна“. А ние ќе ви кажеме дека секој има врска и со двата. Секој од нас доаѓа од некаде, од некои родители, од некое семејство, има или некогаш ќе има свое семејство и свој дом, секој има или имал мајка и татко или е и самиот родител, секој од нас се храни за да живее или обратно, не секој од нас готви, ама секој сака да јаде кога некој друг ќе му зготви.






Такашто, зошто да не? Бранислав од Фолтин или Пијан Славеј, сеедно, зашто тој е и едното и другото, ни раскажа од какво семејство потекнува, а ни раскажа и за неговиот син Иван, ни кажа и за себеси, а направи и одличен спој меѓу поезијата и музиката и, секако, храната.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини