ПИЈАЛОК НА ПЛАЖА 3 ЕВРА, ПИЦА 10, ЛЕЖАЛКИ ДО 40 ЕВРА Црна Гора поскапува, се жалат српските туристи

Изнајмувањето обични лежалки или две лежалки и чадор за сонце во Будва чини од 10 евра, додека најскапиот комплет лежалки чини и до 40 евра за ден! На ова место пијалок на плажа чини од три евра па нагоре, кафето до 2,5 евра, а пивото од 2,3 до 3,9 евра.

3,933

Туристите од Србија кои летово планираат да летуваат на црногорското приморје треба да ги наполнат паричниците бидејќи цените се повисоки од претходните години. Традиционално Будва и Котор се поскапи од Бар, Порто Монтенегро, Тиват, Херцег Нови и Улцињ, пишува Мондо.

Познато е дека цените на храната и сместувањето се дури двојно повисоки во сезоната во однос на претсезоната, додека изнајмувањето лежалки обично чини исто. Па така, на пример, изнајмувањето обични лежалки или две лежалки и чадор за сонце во Будва чини од 10 евра, додека најскапиот комплет лежалки чини и до 40 евра за ден! На ова место пијалок на плажа чини од три евра па нагоре, кафето до 2,5 евра, а пивото од 2,3 до 3,9 евра.






Коктелите чинат од седум евра па нагоре. Оние кои би сакале да ужинаат на плажа можат да земат пица која чини од 10 до 14 евра. Секој што летува во Црна Гора секоја сезона знае дека помалите продавнички кои се во близина на становите често ги зголемуваат цените во екот на сезоната. Пакување од десет ролни тоалетна хартија чини од 2,5 евра па нагоре, прашокот за перење од 6 евра па нагоре.

Цената на лебот почнува од 0,7 евра, додека за овошјето и зеленчукот зависи од тоа каде ги купувате.

Ваквите бројки шокираа многу туристи кои ги забележаа овие поскапувања во однос на претходните сезони, па дури и во однос на првата половина на јуни, кога кафето и пијалоците на плажа се половина од цената, што значи дека за еден месец генерално сите ги зголемуваат цените.

Поврзани содржини