ПИЈАЛАЦИ ЗА РАМЕН СТОМАК Што треба да конзумирате, а што треба да избегнувате?
Покрај храната важно е и што конзумираме за пиење. Овие пијалаци ќе ви помогнат да го израмните стомакот.
Пијалаците полни со калории и со шеќер можат да придонесат за создавање маснотии на стомакот. Затоа, важно е што точно пиете, а експертите истакнаа пет пијалаци кои можат да го забрзаат топењето на мастите на стомакот.
Пијалоци без калории
„Шеќерните пијалоци се полни со калории и можат да го подигнат шеќерот во крвта, како и количината на маснотии во стомакот.
„Пијалаците без калории можат да ви помогнат да внесете помалку калории на ден, а со тоа и ќе изгубите маснотии на стомакот“, вели нутриционистот Сузан Бауерман.
Најдобриот таков пијалок е дефинитивно водата, а студиите сугерираат дека со зголемување на количината на вода што ја пиете во текот на денот, можете да го забрзате метаболизмот, па вашето тело да согорува масти поефикасно. Заедно со водата, најдобри пијалоци се минералната вода, незасладените топли и ладни чаеви, како и кафето.
Зелен чај
Зелениот чај содржи кофеин и катехини, биоактивни растителни соединенија.
„Овие две главни компоненти можат да ја зголемат оксидацијата на мастите, односно да го забрзаат нивното согорување. Сепак, пиењето зелен чај нема магично да ги стопи сите масти од стомакот, но може да помогне“, вели нутриционистката Рејчел Дикман.
Незасладен црн чај
Ако не ви се допаѓа горчливиот вкус на зелениот чај, тука е црниот чај. Богат е со фалвоноиди и е здрав за срцето, па може да помогне во намалување на крвниот притисок. Овие исти флавоноиди исто така играат голема улога во намалувањето на салото на стомакот, покажуваат истражувањата.
Кафе
Се покажа дека пиењето пијалаци со кофеин, како што е кафето е ефикасен начин за потиснување на апетитот кај некои луѓе. Може да го намали дневниот внес на калории и салото на стомакот. Дел од истражувањето покажа дека кофеинот ја стимулира термогенезата, процес кој го поттикнува нашето тело да произведува повеќе топлина и да согорува повеќе калории.
Протеински шејкови
Протеинските шејкови исто така го намалуваат апетитот бидејќи протеините многу заситуваат. Тие можат да помогнат во намалувањето на салото на стомакот, бидејќи луѓето имаат помала веројатност да грицкаат нешто откако ќе го испијат, а помалку ќе копнеат за храна богата со јаглехидрати. Покрај тоа, диетите базирани на протеини се покажаа како успешни во губењето килограми, бидејќи протеинот го спречува губењето на мускулите и забавувањето на метаболизмот што се јавува како резултат на тоа.