ПЕТТЕ РУСКИ САТЕЛИТ-РЕПУБЛИКИ Москва ги држи како кец во ракавот, две од нив се во Молдавија и во Грузија
За разлика од Доњецк и Луганск кои независноста сами ја прогласија во конфликтот во 2014 година, Абхазија, Јужна Осетија и Придњестровје имаат историја на конфликт уште од 1990-тите години. Тие имаат свој устав и народна милиција. Руската Федерација долги години ги држи како „кец во ракавот“, а некои од нив и економски ги финансира.
Освен двете самопрогласени народни републики во регионот Донбас, Доњецката и Луганската, постојат уште три региони во околината на Украина кои ја делат истата судбина. Официјална Москва ја призна независноста на дел од овие републики уште во 2008 година, во руско-грузискиот конфликт, а дел од нив, како полустровот Крим го присоедини, откако таму се одржа референдум во 2014 година.
За разлика од Доњецк и Луганск кои независноста сами ја прогласија во конфликтот во 2014 година, Абхазија, Јужна Осетија и Придњестровје имаат историја на конфликт уште од 1990-тите години. Тие имаат свој устав и народна милиција. Руската Федерација долги години ги држи како „кец во ракавот“, а некои од нив и економски ги финансира, пишува Нова.
Придњестровје (или Транснистрија)
Придњестровје, или ПМР (Придњестровје Молдавска Република), е мала област на територијата на Молдавија која прогласи независност на 2 септември 1990 година, пред распадот на СССР. Во оваа област живеат околу половина милион луѓе, а мнозинството се Руси, околу 30 отсто и Молдавци, исто така околу 30 отсто.
Придњестровје има невообичаена форма и личи на тампон-зона меѓу Украина, со која се граничи со остатокот од Молдавија, чиј дел е официјално, но Кишињев нема овластување или контрола врз оваа територија.
Вкупната површина на овој регион е само околу 4.000 квадратни километри, но границата што ја дели со Украина е подолга од 800 километри. Земјата, која не беше признаена од ниту една земја-членка на Обединетите Нации, вклучително и Русија, е широка околу десет километри.
Според уставот на ПНР, официјални јазици се молдавскиот, рускиот и украинскиот, а официјалната азбука е кирилица. Главен град на Придњестровје е Тираспол со население од 135.700 жители, а други поголеми градови се Бендер и Дубасари.
Некое време во Русија и во Украина постоеше предлог за признавање на Придњестровско Молдавската Република. Сепак, тоа беше напуштено. На состанокот на ОБСЕ во Истанбул во 1999 година, Русија вети дека ќе ги повлече своите сили од областа, но тоа не се случи.
Абхазија
Абхазија е регион во Грузија кој еднострано прогласи независност во 1999 година. Територијално е двојно поголем од Придњестровје, но има речиси половина од тоа население, околу 240.000 луѓе. Главниот град на Абхазија е Сухум.
Грузија, како и поголемиот дел од светот, не ја признава Абхазија како независна држава. Седумте земји-членки на ОН кои ја признаа се Русија, потоа Венецуела, Никарагва, Сирија, Науру, Вантаа и Туивала. Независноста на Абхазија ја признаа и Придњестровје и Јужна Осетија, кои не се членки на ОН.
Грузија и Абхазија водеа војни од 1992 до 1993 година, а помал конфликт се случи во 1998 година. По една година крвави борби и илјадници жртви, Грузијците се повлекоа. Абхазија за време на советската ера беше наречена и „Црвена ривиера“, бидејќи сите руски претседатели, од Сталин до Горбачов, поседуваа куќички таму.
Денеска тој луксуз го нема бидејќи најголемиот дел од инфраструктурата беше уништена во војната со Грузија пред 15 години. На овој регион му е наметната меѓународна изолација. Никој не смеел да ја напушти земјата, па дури и Русите во еден момент ги затвориле границите за граѓаните на Абхазија.
Сепак, самопрогласената држава го усвои уставот, има свое знаме и химна, а Русија го призна уставот дури во 2008 година. Оттогаш руските компании инвестираат во регионот и започнаа со обнова на инфраструктурата. Во Русија, Абхазија важи за популарно и евтино одморалиште на Црното Море, кое годишно го посетуваат околу милион руски туристи.
Јужна Осетија
Јужна Осетија е дел од Грузија што прогласи независност во 1991 година, а до денес е признаена од пет членки на ОН. Сите признанија дојдоа по последната руско-грузиска војна во 2008 година. За време на деветдневниот вооружен конфликт загинаа 2.000 луѓе, а околу 35.000, главно Грузијци, беа депортирани.
До осетиско-грузиската војна, дел од територијата на Јужна Осетија беше под контрола на јужноосетиските власти, а другиот дел под контрола на грузиската влада. На 7 август 2008 година грузиската армија ја нападна територијата на Јужна Осетија, а руските тенкови веќе следниот ден почнаа да ги бранат жителите на самопрогласената држава.
Војната меѓу Русија и Грузија избувна на почетокот на Летните олимписки игри во Пекинг. Руската армија за неколку дена презеде контрола над поголемиот дел од територијата на Јужна Осетија.
Русија тогаш ја призна Јужна Осетија како независна држава. Повеќето од граѓаните на оваа самопрогласена држава имаат руско државјанство.
Поради високата невработеност и ниските стандарди, Јужна Осетија е многу зависна од парите и помошта од Руската Федерација.
Луганска Народна Република
Луганската Народна Република (ЛНР) е дел од регионот Луганск, еден од двата региони што го сочинуваат регионот Донбас во источна Украина. Оваа територија еднострано прогласи независност во април 2014 година. Лидерот на Луганск, Леонид Пашечник, најави дека можно е да се организира референдум за присоединување кон Русија, на што остро реагираа украинските власти, кои евентуалното гласање го нарекоа лажен референдум.
ЛНР, инаку, зафаќа половина од регионот на Луганск, а неговиот дел опфаќа поголеми градови, вклучувајќи го и градот Луганск. Украина нема контрола над територијата на Народна Република Луганск, додека другиот дел од областа Луганск е под контрола на украинската армија. Проруските сепаратисти и украинската армија делат таканаречена линија на контакт.
Иако примирјето беше постигнато со Минскиот договор I од 2014 година и Минскиот договор II од 2015 година, на оваа територија имаше повремени судири меѓу Народната милиција на Народна Република Луганск и украинската армија. Русија тврди дека Украина се обидела да изврши геноцид врз населението што живее на оваа територија, што било една од причините за започнување на „специјалната воена операција“, како што Кремљ ја нарекува војната во Украина.
Доњецка Народна Република
Народна Република Доњецк (ДНР) беше прогласена во делот на регионот Доњецк, која заедно со регионот Луганск го формира регионот Донбас. И ДНР, како и ЛНР прогласи независност во 2014 година.
Главен град на ДНР е Донецк, најголемиот град во регионот. Според проценките, околу два милиони луѓе живеат во ДНР или половина милион повеќе отколку во ЛНР.
Полуостровот Крим
Крим е украински полуостров кој Русија го смета за дел од својата територија, додека Украина го смета за „привремено окупирана територија“, како и ДНР и ЛНР.
Крим прогласи независност по смената на проруската влада во Киев и прорускиот претседател Виктор Јанукович во февруари 2014 година, што беше кулминација на неколкумесечните протести на Евромајдан.
До тој момент Крим имаше статус на автономен регион кој имаше свој парламент. Откако на 11 март 2014 година во Парламентот на Автономната Република Крим беше изгласана Декларацијата за независност, на 16 март беше организиран референдум на кој 97 отсто гласаа за приклучување кон Русија.
Ден подоцна беше прогласена Република Крим, а на 22 март Русија го призна Крим како дел од својата територија. Украина го сметаше референдумот за нелегален, а исто и ЕУ, САД и повеќето земји кои не го признаа Крим како дел од Руската Федерација.