🎥 ПЕТИЦИЈА ЗА СПАС НА МАКЕДОНСКАТА СИВКА Таа е најзагрозената пеперутка во Европа

ИКС и германската организација Pro Wildlife упатија писмо до македонските институции, со барање Македонија формално да поднесе предлог до CITES најдоцна до 27 јуни, пред Конференцијата на страните (CoP20), што ќе се одржи во Самарканд од 25 ноември до 5 декември 2025.

219

Институтот за комуникациски студии (ИКС) покрена петиција за вклучување на македонската сивка (Pseudochazara cingovskii) во Анекс 1 на Конвенцијата CITES, за да се спречи нејзино исчезнување поради нелегална меѓународна трговија.

Овој критично загрозен и ендемски вид пеперутка живее само во варовничките предели кај превојот Плетвар. Со хабитат помал од 10 km², таа е изложена на висок ризик од исчезнување, особено поттикнато од побарувачката од колекционери на инсекти.






ИКС и германската организација Pro Wildlife упатија писмо до македонските институции, со барање Македонија формално да поднесе предлог до CITES најдоцна до 27 јуни, пред Конференцијата на страните (CoP20), што ќе се одржи во Самарканд од 25 ноември до 5 декември 2025.

Вклучувањето на овој вид во Анекс 1 на Конвенцијата CITES ќе овозможи: забрана за меѓународна трговија, поддршка за национални и гранични контроли и подигнување на свеста за заштита на видот на глобално ниво.

Можете да ја поддржите иницијативата и да ја потпишете петицијата на следниов линк: CHANGE.ORG

Предлогот произлегува од истражувачка сторија на ИКС, која прва ги обелодени случаите на криволов и трговија со овој уникатен вид. Погледнете го истражувањето: Природа на продажба

Карпестите ридови на Плетвар се единствениот дом на редок вид пеперутка, стеноендемит наречен – македонска сивка. Името потекнува од бојата на нејзините крилја, особина што ја користи за да стане помалку видлива за предаторите.

Последното истражување на терен, направено во 2012 година од тим на национални и меѓународни ентомолози, покажало намалување на популацијата на македонската сивка до 30%. Во студијата, 5 од 7 локации означени како дом на сивката докажано е дека се претворени во каменоломи за мермер. Но, има уште еден, помалку видлив, непријател на оваа ретка пеперутка – во форма на пријател, љубител на пеперутки.

Посетителите кои на лето минуваат низ Плетвар неретко ја ловат македонската сивка а потоа, во форма на препариран трофеј, ја поставуваат на интернет за продажба. Во неколку европски земји има трговски друштва – домаќини на веб-страници на кои може да се купи примерок од една од најретките и најзагрозените пеперутки во Европа – за само околу 30 евра.

Тимот на Дома, заедно со соработниците од DW Europe, ги нарача овие примероци преку интернет и лабораториски го процени времето на нивното заловување.

Во 2011 година, сивката стана заштитена со закон во Македонија, со што се забрани нејзиниот лов, шверц и продажба. Сепак, овој закон – не се почитува. Истражувањето за тоа кој е одговорен за кршењето на овој закон и зошто на европските пазари за инсекти продажбата на овој заштитен вид е неказнета – е основа на филмот „Природа на продажба“.

Целиот проект е финансиран од European Journalism Fund.

Поврзани содржини