ПЕТ ЛИЦА ВО АВСТРИЈА ПОЧИНАЛЕ ОТКАКО ЈАДЕЛЕ СРПСКИ КАЈМАК Директорот на млекарницата обвинет за убиство од небрежност

Во кајмак произведен во млекарница во Виена со која раководел директор роден во Србија, пронајдена е смртоносна бактерија од која 5 лица починале, а уште 6 се разболеле.

1,142

Поранешниот директор на млекарницата Глогниц  во Виена е обвинет за убиство од небрежност. Во периодот помеѓу 2020 и 2022 година, наводно во млекарницата се појавила смртоносна бактерија. 5 лица починале од инфекцијата, а уште 6 се разболеле. Меѓу болните имало и бебе кое од раѓање боледува од листериоза, а девојче преживеало фатална сепса, пренесува Космо.

Судењето започна во септември 2023 година според изјавите на сведоците, кои укажаа на ужасните услови во фабриката за сирење – имало стаорци и се чувствувало непријатен мирис. Покрај низата дефекти за одржување, утврдено е и дека вработените не поминале соодветна обука и дека возилата за испорака не биле соодветно ладени.






Експертите во текот на постапката откриле дека кај пациентите била пронајдена бактеријата листерија, која била пронајдена и во српскиот кајмак произведен во млекарницата Глогниц.

-Нема сомнеж дека овие примероци потекнуваат од истиот извор – вели експертот, додавајќи дека сигурно имало повеќе пациенти, но тие не биле идентификувани поради поблаги симптоми.

Поранешниот директор на мчлекарницата во Виена изрази жалење за тоа што се лучило.

– Најтрагичното нешто во овој случај се луѓето кои повеќе не се со нас. Без разлика дали сум виновен или не, тоа е најлошото нешто што можеше да се случи. Многу ми е жал – рече тој.

Во текот на истрагата, обвиненијата против директорот кој е роден во Србија, биле проширени. Имено, јавниот обвинител го обвинил дека повредил жена во неговата канцеларија.

„Ја повредил така што грубо ја фатил за врат и ѝ удирал шлаканици“ – известуваат од обвинителството.

Потоа беше објавено видео од инцидентот на кое се гледа како жената силно вреска додека директорот грубо ја турка, пишуваат австриските медиуми.

– Не ја удрив, ја стиснав и можеби малку посилно ја зграпчив – се правдал обвинетиот пред судот.

Исто така, во текот на постапката тој беше обвинет за кражба на готовина од касата на неговата фирма, но рочиштето по тие обвиненија е закажано за 14 март. Покрај казната од 13 месеци затвор, поранешниот директор ќе треба да плати и 25.000 евра оштета за тројца болни. Пресудата сè уште не е правосилна.

Инаку, листеријата е бактерија која се појавува во млечните производи и предизвикува листериоза, бактериска цревна инфекција која може да биде фатална.

Поврзани содржини