ПЕРФЕКТНИОТ ДЕН НА ПИРУСТИЈА НЕДАНОСКИ Роденденска дружба на убави, вредни и природни луѓе
Кога ќе се здружат вакви вредни и креативни луѓе, што се вели, вистински домаќини, поборници за здрава, сезонска и локална храна, за зачувување на традицијата, ама не само на носиите, песните и ората, туку и на домаќинлукот и на природата, мераклии за јадење, за готвење, месење и одгледување на природна храна или накусо, членови на движењето „Слоу фуд Охрид“, тоа е навистина посебна слика и, како што вели Наташа Неданоска, навистина перфектен ден.
Наташа Неданоска чиешто четиричлено семејство (Наташа и Васко и двата сина, Христијан и Петар), веќе 12 години ја одржуваат семејната стара камена куќа во село Рамне, охридско, која ја реставрирале зачувувајќи го нејзиниот автентичен изглед, а веќе 10 години се занимаваат со мини сточарство, т.е. за нивни потреби чуваат и размножуваат животни и птици на нивната мала фарма. И тоа не е сѐ. Тие се дел од сѐ побројната понуда на рурален и автентичен туризам кои се нуди во нашата земја. А она што го нуди домаќинството „Пирустија Неданоски“ е навистина автентично, но и оригинално.
„Идејата се роди од можноста нашите деца да јадат здрава и свежа храна произведена во селски, еколошки услови, а потоа вклучивме и земјоделство во нашите активности, одгледувајќи зеленчукови насади. Се занимаваме и со подготвување на традиционална храна – конкретно, месени јадења како што се: пита, преснец, кошмишпите, ѓомлезе и омилениот комаТ. Спецификата е во тоа што храната се пече под сач (вршник) на пирустија, од кадешто доаѓа и името на нашето домаќинство. Токму деновиве, поточно, на 17 август го прославивме и третиот роденден на Пирустија и годишнината од нашиот брак со Васко. Патем, кај вториов повод, станува збор за цели две децении“, се смее Наташа.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.