ПЕНЗИОНЕРКИ КАКО ПИОНЕРКИ Двете неуморни професорки во пензија мотивираат и старо и младо

Неделава, во рамки на неделата на грижа за старите лица, двете поранешни колешки и долгогодишни пријателки, Василка Стефановска и Сунчица Јовановска, инаку, професорки во пензија, испратија апел до своите врсници, но и самите ги засукаа ракавите: Ајде генерацијо, покажете се на дело!

215

Секој пензионер да засади по една овошна садница (200 денари) во училишниот двор каде што учат нивните вници, училишните дворови ќе бидат големи овоштарници, порачаа Василка Стефановска и Сунчица Јовановска, чиј проект „Училишни градини“ во рамки на Слоу фуд Водно, пред неколку месеци заживеа и во едно средно училиште во Скопје.

Станува збор за кампања и едукативна програма на Слоу фуд Македонија, чија движечка сила се токму овие две професорки во пензија.






Василка Стефановска е претседателка на Слоу Фуд Водно (дел  од меѓународната, непрофитна организација Слоу фуд, со седиште во Италија) и заедно со својата поранешна колешка и долгогодишна пријателка Сунчица Јовановска неуморно работат на ширењето на училишните градини во основните и во средните училишта во земјава.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини