ПАТУВАЊЕ ПОБРЗО ОД СВЕТЛИНАТА – БЕЗ ЕГЗОТИКА Научен тим има идеја како да дојдеме до ворп-драјв

За жал, физичарите велат дека нивниот ворп-погон веројатно нема да може да ја достигне брзината на светлината, но би можел да дојде прилично блиску. Во суштина, планот вклучува инженерски искривени погони да „гравитираат како обична материја“, со што се елиминира потребата за фиктивната егзотична енергија.

1,126

Патувањето побрзо од светлината можеби навистина е возможно и тоа – со законите на сегашната физика! Ова возбудливо истражување објавено во „Classical and Quantum Gravity“ го предлага следното: дека, за разлика од претходно кога се мислеше дека е потребна некаква егзотична, или уште ја нарекуваат негативна енергија за да го направиме ова нешто, сега тоа може да се направи со класични методи.

Се работи за познатиот Алкубиеров погон со којшто, ако некогаш имате вселенски брод, можете да патувате побрзо од светлината. Според она што го откри мексиканскиот научник Мигел Алкубиер во раните 1990ти за да забрзате побрзо од самата светлина ќе треба вештачки да го искривите просторот со некаква егзотина материја со што ќе создадете меур во време-просторот.






Многу сомнително. Особено што негативната енергија не е баш пронајдена и го има спротивниот ефект од енергијата. Наместо да ве бутка, ве привлекува. И обратнo. Исто така, егзотичната енергија, позната и како темна енергија досега не е физички измерена во универзумот, а се смета за дел од феноменот темна материја-темна енергија.

Но, не повеќе! Според новата студија постои друго решение:

„Решението вклучува комбинирање на стабилна материја со векторска дистрибуција на поместување што тесно се совпаѓа со добро познатите решенија за искривување, како што е метриката Алкубиер“, пишуваат истражувачите.

Сумирајќи го значењето на овие наоди во лаички термини, авторот на студијата д-р Џаред Фукс објасни во изјавата дека „покажавме дека ворп-драјвот можеби нема да биде работа од научната фантастика“.

За жал, физичарите велат дека нивниот ворп-погон веројатно нема да може да ја достигне брзина на светлината, но би можел да дојде прилично блиску. Во суштина, планот вклучува инженерски искривени погони да „гравитираат како обична материја“, со што се елиминира потребата за фиктивната егзотична енергија.

„Иако таквиот дизајн сè уште бара значителна количина на енергија, тој покажува дека ефектите на искривување може да се постигнат без егзотични форми на материја“, додава во текстот авторот на студијата, д-р Кристофер Хелмерих.

 

Поврзани содржини