ПАРТИЈАТА НА МЕЛОНИ МУ ГО ОДЗЕМА ОРДЕНОТ НА ТИТО „Тој беше џелат на Италијанците во Истра, Далмација…“

Роберто Менија од партијата „Браќа Италија“ рекол дека е во контакт со раселените Италијанци од Истра „кои ја изразија својата волја да се борат за италијанска Далмација“.

1,811

Комисијата за култура на Сенатот на Република Италија поведе постапка за укинување на Орденот „Витез на Големиот крст“ на Јосип Броз Тито, поранешниот доживотен претседател на Југославија. Зад процедурата стои Роберто Менија, сенатор од владејачката партија Браќа на Италија, кој со децении отворено предлага „враќање“ на Истра, Кварнер и поголемиот дел од Далмација под италијанска власт.

– Историското барање за одземање на честа на југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито, од страна на членовите на семејствата на жртвите од масакрот на Тито – тоа се луѓето прогонети од Истра, Ријека и од Далмаијција, конечно имаше позитивен исход со усвојувањето на дневниот ред, од кој Владата се обврзува да покрене постапка за повлекување на Орденот Витез на Големиот крст – рече Менија пренесен од порталот Ил Примато национале.






Во насловот на статијата Тито е наречен „џелат на Италијанците“.

„Тито, одговорен за истребувањето на илјадници Италијанци во дупките, што беше знак, симптом на егзодусот на 350.000 Истарци, Фиме и Далматинци, како и масакрот врз илјадници други противници во поранешна Југославија – факт што го потврдија неодамнешните истражувања во Словенија кои потврдија присуство на 750 масовни гробници и најмалку 100.000 убиени“, пишува порталот. 

Менија беше секретар на политичката партија МСИ-ДН во Трст, а потоа имаше високи функции на национално ниво. Неговото семејство е по потекло од Бује во Истра, а уште како младоста станал дел од група луѓе кои веруваат дека источниот брег на Јадранот ѝ припаѓа на Италија. Тој тврдеше дека е во контакт со раселените Италијанци од Истра „кои ја изразија својата волја да се борат за италијанска Далмација“.

Последната ситуација не е неочекувана бидејќи по минатогодишните избори Менија најави дека од новата влада ќе побара длабинска ревизија на државното финансирање на италијанското малцинство во Словенија и Хрватска со цел да се намали трошењето народни пари, но и конфискацијата на сите почести и ордени кои ги имал Тито во Италија.

Поврзани содржини