ПАРМЕЗАН, ПЕКОРИНО, БРИ, ГАУДА… Кои сѐ сирења може да ги јадете ако сте интолерантни на лактоза?
Многу луѓе кои се нетолерантни на лактоза мислат дека не можат да јадат сирење, но тоа не е баш така. Всушност, постои вкусна палета од сирења кои се природно со малку лактоза или без лактоза, што им овозможува на сите да уживаат во нивните вкусови без грижа.
Седумдесет проценти од луѓето страдаат од нетолеранција на лактоза. Тоа се случува кога на телото му недостасува доволно ензим лактаза за ефикасно да ја свари лактозата, што доведува до симптоми како што се надуеност, гасови и абдоминална непријатност по конзумирањето млечни производи.
Всушност, лактоза имаат неферментирани, свежи млечни производи, како млеко и сладолед.
Ферментираните млечни производи, како јогурт, кефир и старо сирење немаат лактоза. Путерот исто така има многу ниски нивоа на лактоза.
Технички сирењето сè уште има малку лактоза, но само мали траги што вашето тело веројатно нема да ги забележи.
Постојат две причини зошто сирењето е безбедно за нетолерантни на лактоза.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.