ПАРИЗ ЌЕ ЗАСАДИ 170.000 ДРВЈА ДО 2026 ГОДИНА Секое стебло има лична карта и се следи на компјутер

Помалку од 1,5 отсто од дрвјата ќе треба да се исечат од безбедносни причини. Од 2014 година, Париз ги следи дрвјата со автоматизиран систем: секое дрво има своја дигитална лична карта и годишно се проверува. Во просек, дрвата по улиците не се постари од 80 години.

464

Париз ќе се бори со прекумерното загадување и ќе засади 170.000 дрвја до 2026 година секаде каде што има простор: по улиците, на плоштадите, во парковите, како и на насипите на градската обиколница, соопштила управата на градот. Освен што апсорбираат јаглерод диоксид, дрвјата природно штитат од градската бучава, но и од визуелното загадување, јавува МИА.

 






Париз е веќе една од најбогатите престолнини со дрва во Европа, нагласи градската администрација. Во самиот град има околу 200.000 дрва и уште 300.000 во урбаните шуми на Болоња и Винсенс. Дополнителните дрвја треба да бидат засадени до 2026 година. Во првата сезона на садење 2020-21 година, веќе беа додадени речиси 14.000 млади дрва. Градот работи со своја градина за дрвја за оваа намена.

Помалку од 1,5 отсто од дрвјата ќе треба да се исечат од безбедносни причини. Од 2014 година, Париз ги следи дрвјата со автоматизиран систем: секое дрво има своја дигитална лична карта и годишно се проверува. Во просек, дрвата по улиците не се постари од 80 години.

Францускиот државен совет летово јасно кажа дека итно се потребни напори за подобрување на климата во Париз. Тој ја казни државата со милиони евра за прекумерно загадување на воздухот во неколку метрополи, вклучувајќи го и Париз.

Поврзани содржини