ПАНДЕМИЈАТА СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН КРАЈОТ? Омикронот е варијантата што сите ја чекавме?
Иако истражувањета се сè уште во тек, сепак, општ е впечатокот дека со омикронот заврши најтешкиот дел од борбата со заразата.
Сојот омикрон на коронавирусот изгледа како поблаг од претходните варијанти во предизвикувањето тешка клиничка слича кај пациентите од ковид-19. Добри се покажаа и вакцините во справувањето со новиот сој, а во меѓувреме на пазарот се појави и таблета протиц корона. Дали тоа значи дека наскоро ќе биде прогласен крај на пандемијата, се прашуваат авторите на опсежната анализа објавена од Дојче веле.
Според студијата изработена во Велика Британија, новиот сој познат како омикрон е до 25 одсто поблаг од сојот делта, кога ќе се земат в предвид хоспитализациите на пациентите заболени од ковид-19. Лабаротириските опити покажуваа и помала способност на омикронот да ги инфицира белите дробови.
Иако истражувањета се сè уште во тек, сепак, општ е впечатокот дека со омикронот заврши најтешкиот дел од борбата со заразата.
Затоа и многубројни се оние што веќе се осмелуваат да го прогнозираат крајот на пандемијата. Бидејќи новата варијатна е „попаметна“ и еволутивно супериорна во однос на сојот делта. тоа значи дека побргу се шири, но поретко ги убива домаќините. Наскоро омикронот би требало потполно да ја истисне делтата од сите точки на земјината топка.
Иако вирусот веројатно никогаш нема да биде искоренет, сè поголеми се шансите да стане ендемски. Тоа значи дека ослабена варијанта на вирусот да се појавува сезонски, нешто слично на грипот. Од тоа ранливите групи мошне ефикасно ќе можат да се заштитат со годишно вакцинирање.
Голема надеж за скорешниот крај на здравствените маки на човештвото внесува и лекот Паксловид на Фајзер, за кој Агенцијата за лекови на САД веќе издаде одобрување за употреба.
Според поголем број на експерти, моменталниот бран на зараза во САД и Европа е веројатно и последниот со кој ќе бидеме соочени.