ПАЛЕСТИНЕЦ ОДГЛЕДУВА ЈАГОДИ ВО ЈАГЛЕН Како се снаоѓаат палестинските земјоделци на териториите окупирани од Израел (ВИДЕО)
Поради недостиг на вода, земјоделците на Западниот Брег, окупиран од Израел, сега одгледуваат култури кои имаат помалку потреба од вода. Еден палестински земјоделец за кои известуваат медиумите, направил одржлив систем кој комбинира одгледување на билки со фарма за риби, а јагодите наместо во земја, ги одгледува во јаглен, со вертикален систем
Палестински одгледувач на јагоди, оставен без вода на Западниот Брег, окупиран од Израел, се свртел кон нови методи за наводнување – и вели дека открил изненадувачки придобивки за здравјето на посевите. Високите цени на водата довеле до нов начин на одгледување со аквапонски систем.
Тој направил одржлив систем кој комбинира одгледување на билки со фарма за риби (одгледување риби во рибник). Системот ја намалува отпадната вода бидејќи кога ги залеваат билките вишокот на вода се враќа во резервоарот или во рибникот. Освен тоа, станува збор за вертикален систем, па јагодите се берат како плодовите што растат на дрвја.
Повеќе за ова, како и видеото, ќе ги најдете ТУКА.