ПАДОТ НА ВИЗАНТИЈА На денешен ден Османлиите го освоиле Цариград
Некои историчари овој датум го сметаат како крај на средниот век. Оттогаш, па до крајот на Првата светска војна, поточно до 1923 година, Константинопол бил престолнина на Турција. Во 1930 година го добил денешниот турски назив Истанбул.
По долга опсада, турската војска на денешен ден во 1453 година го зазела Константинопол, престолнина на некогаш моќното Источно римско царство (Византија).
Некои историчари овој датум го сметаат како крај на средниот век. Оттогаш, па до крајот на Првата светска војна, поточно до 1923 година, Константинопол бил престолнина на Турција (кај Македонците вообичаен е називот Цариград). Во 1930 година го добил денешниот турски назив Истанбул.
Опсадата на Константинопол траела од 2 април до 29 мај и до еазврска дошол кога во ноќта на 28 мај султанот Мехмед II дал заповед за последен напад на градот. Првите две негови единици биле одбиени од страна на одбраната на градот па затоа султанот решил во напад да ги пушти јаничарите. Тие успеале да ја пробијат одбраната.
Во освоениот град започнале масовни пљачки и убиства. Повеќе од 60.000 жители биле заробени. Според османлискиот обичај султанот ја оставил војската да ограбува низ градот два дена, а на третиот ден наредил да се престане со тоа. Потоа тој влегол во идната престолнина и наредил да ја претворат црквата Света Софија во џамија, а себеси се прогласил за римски кесар (Kayser-i Rum; како директен престолонаследник на Константин XI).