ПА ОВА ГО НЕМА НИ ВО МАКЕДОНИЈА! Како еден човек успеа да освои нула гласови на дополнителни избори во Канада

По освоените нула гласови на дополнителните избори во Онтарио – Сент Пол, несреќникот изјавил: „Па јас сум вистинскиот кандидат што постигна единство - сите се согласуваат да не гласаат за мене“.

2,807

Еден човек од Канада влезе во историјата со тоа што стана првиот кандидат кој доби нула гласови на дополнителните федерални избори во Онтарио – Сент Пол.

На овие избори што се одржаа во пшонеделникот, извесен Феликс-Антоан Хамел добил нула гласови!






Во историјата на Канада, тој е единствениот федерален кандидат кој не добил гласови во изборната кампања.

Дополнителните избори во оваа изборна единица во Канада се одржаа по оставката на актуелната либерална пратеничка Каролин Бенет.

Трката некои ја сметаат за „референдум“ за премиерската функција на Џастин Трудо. На изборите победи кандидатот на Конзервативната партија Дон Стјуарт, како прв конзервативец на оваа позиција од 1993 година.

По освоените 0 гласови, Хамал за Си-Би-Ес Њус изјавил:

„Па јас сум вистинскиот кандидат што постигна единство. Сите се согласуваат да не гласаат за мене“.

Хамел објаснил дека се кандидрал откако му пристапил негов пријател, кој работи со групата за застапување на изборните реформи.

Новинарите ја разјаснија и дилемата зошто Хамел не добил барем еден глас, сопствениот. Имено, кандидатот не можел да гласа во Торонто – Сент Пол, бидејќи тој не живее таму.

„Сè додека имам право и привилегија да добијам нула гласови на избори, тогаш навистина сме демократија“, рекол тој.

Утеха за историски најлошиот резултат во канадската историја му е тоа што не вложил речиси никаков напор во кампањата.

По поразот, Хамел изразил задоволство што се обрнува внимание на изборните реформи и оценил дека демократски процес бил фер, но изразил и загриженост за „падот на демократиите на глобално ниво“.

 

Поврзани содржини