ОВОЈ ВИРУС ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД АЛЦХАЈМЕРOВА БОЛЕСТ Дури 80% од луѓето имаат во организмот херпес симплекс
Новото откритие сугерира дека постои врска помеѓу вирусната инфекција и развојот на Алцхајмерова болест, независно од генетските фактори или возраста. Дополнително, фактот дека повеќето возрасни се изложени на вирусот на херпес симплекс тип 1 сугерира дека овој вирус е доста распространет, што го прави потенцијално значаен фактор на ризик за деменција.
Една нова студија спроведена на шведски испитаници постари од 70 години ја истражувал можната врска помеѓу изложеноста на вирусот херпес симплекс тип 1 (HSV-1) и зголемениот ризик од Алцхајмерова болест. Резултатите покажале дека учесниците кои биле изложени на овој вирус имале двојно поголема веројатност за развој на деменција.
Она што е особено интересно е дека учесниците биле приближно на иста возраст, што ги направи резултатите поверодостојни бидејќи факторите како возраста, кои вообичаено се поврзани со развојот на деменција, не можеле да се мешаат во резултатите, пренесува Science Alert. Инаку, 80% од луѓето се заразени со вирусот на херпес.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.