ОВОЈ СТОЛ Е МОИТЕ НОЗЕ – ОВОЈ СТОЛ Е МОЈОТ ЖИВОТ Јане Велковски во ТЕД говор за моќта на помошните технологии што го менуваат животот

„Слободата на движење, без разлика дали е движење со нозе или на тркала, е човеково право“, вели тринаесетгодишниот Јане Велковски во својот ТЕД говор

422

Овој стол се моите нозе – овој стол е мојот живот“, вели во својот ТЕД говор шампионот за пристапност Јане Велковски, кој користи инвалидска количка откако му беше дијагностицирана Спинална мускулна атрофија (СМА).

Многу убаво, јасно и сталожено, нашиот Јане образложува како неговата прва моторизирана инвалидска количка му овозможила независност и способност и зошто асистивната технологија треба да биде достапна за секој кому му е потребна.






„Слободата на движење, без разлика дали е движење со нозе или на тркала, е човеково право“, вели тој.

За оние кои не знаат што е ТЕД, станува збор за серија конференции на кои се зборува за одредена тема, почитувајќи го слоганот – идеи вредни за ширење. Значи, тоа се говори чија цел е да ги инспирираат и поттикнат луѓето да размислуваат.

Тука можете да најдете говори за технологија, забава и дизајн, плус наука, бизнис, глобални прашања, уметност и повеќе.

Меѓу нив и тој на Јане чија болест претставува намалување на функцијата на сите мускули во телото, додека умот продолжува да работи нормално. Спинална мускулна атрофија е една од најчестите ретки болести кои се појавуваат во раните возрасти. Вообичаено сите кои боледуваат се во одлична можност да вршат други работи, на пример да учат јазик или да решаваат математички задачи, како во случајот на Јане.

Повеќе за ова и говорот на Јане, можете да ги најдете на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини