ОВИЕ РОДИТЕЛСКИ ОДНЕСУВАЊА МОЖАТ ДА ИМААТ ДОЛГОРОЧНИ ПОСЛЕДИЦИ За односите родител-дете
Изливи на непредвидлив гнев, викање, искривување на реалноста, навредливи изрази…Сето ова може да им остави долгорочни последици на децата
Постојат неколку важни знаци на кои треба да внимавате кога станува збор за односот меѓу децата и родителите, а тие може да укажуваат на тоа дека родителот се однесува со децата на начин што може да им остави долгорочни последици, пишува Инсајдер.
Искривување на реалноста
Станува збор за негирање на настаните што се случиле, што ги наведува децата да почнат да се сомневаат во себе и да ја преиспитуваат сопствената перцепција за реалноста. „Тоа е вообичаена тактика во емоционално насилните односи“, вели Пајал Пател, брачен и семеен терапевт во приватна пракса.
Овој пристап му овозможува на родителот да ја задржи контролата врз децата бидејќи неговиот збор добива поголема тежина и има поголема моќ од верувањата или искуствата на детето.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.