ОВИЕ 4 РАБОТИ ГО СКРАТУВААТ ЖИВОТОТ Првата ги уништува белите дробови и предизвикува рак, втората е чист отров, третата е течна смрт

Кардиохирургот Џереми Е. Лондон кој споделува здравствени совети на Тик-Ток, во една од последните објави ги апострофира четирите работи кои се најопасни за здравјето на срцето.

786
Според British Heart Foundation (BHF), срцевите заболувања сочинуваат четвртина од сите смртни случаи во Велика Британија. Алармантната статистика значи дека има „повеќе од 170.000 смртни случаи секоја година“. „Срцевиот удар е најголемиот убиец на мажи и жени во светот во 2019 година“, предупредува кардиохирургот Џереми Е. Лондон кој споделува здравствени совети на Тик-Ток. Во една од последните објави ги апострофира четирите најлоши животни навики што доведуваат до инфаркт: 1. Пушење Д-р. Лондон вели дека пушењето е најлошото нешто што можете да го направите за целото тело. „Тоа ги уништува вашите бели дробови, предизвикува рак на белите дробови, високи кардиоваскуларни ризици, срцеви и мозочни удари. Не пушете“, вели докторот во видеото на Тик-Ток. 2. Пиење алкохол Д-р Лондон вели дека целосно престанал да пие алкохол. „Алкохол. Мразам што мора да ви кажам, но отровен е. Токсичен за секоја клетка во вашето тело. Ваше тело, ваши правила, вие самите донесувате одлуки. За мене лично, исклучувањето на алкохолот од мојот живот беше веројатно една од најдобрите одлуки што ги донесов како возрасен“. 3. Газирани пијалаци Harvard Health известува дека луѓето кои пијат повеќе од пет безалкохолни пијалаци неделно, засладени со шеќер, имаат поголема веројатност да имаат рани знаци на срцеви заболувања во споредба со луѓето кои пијат само еден. Д-р Лондон вели: „Базалкохолни пијалаци, течна смрт! Само не ги пијте. Точка. Готово.” 4. Леб и тестенини „Четврто, избегнувајте леб и тестенини. Избегнувајте рафинирано брашно и пченица. 80 проценти од контролата на телесната тежина сочинува исхраната. Само 20 проценти се вежбање“. Честа причина за срцев удар е високиот крвен притисок, кој, за жал, е поизразен кај дебелите луѓе. Според СЗО, индексот на телесна маса (БМИ) над 25 се смета за прекумерна тежина, а над 30 се сметаат за дебели.
Поврзани содржини