📷 ОВАА ИГРАЧНИЦА Е СОН ЗА СЕКОЈ ГЕЈМЕР Српскиот јутјубер Лукс инвестираше 300.000 евра во својот нов бизнис
Лука Бојовиќ зборува за бизнисот што тој официјално го започнал. Станува збор за игротека во Белград, во која се инвестирани дури 300.000 евра.
Јутјуберите, иако често се мета на критики и предрасуди, не се откажуваат од своите соништа, но и не кријат дека добро заработуваат.
Прв кој ја започнал ерата на овој тип на професија во Србија бил Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, а Лука Бојовиќ за српски Мондо зборува за бизнисот што тој официјално го започнал. Станува збор за игротека во Белград, во која се инвестирани дури 300.000 евра.
Лука, познат како Лукс, дошол од Црна Гора во Белград пред повеќе од 5 години, не ни помислувајќи дека ќе постигне голем успех. Само еден компјутер му вреди 15.000 евра, а евидентно е дека за „гејмерите“ и за своите гости го избрал само најдоброто.
– Сакав, не можам да кажам дека не сакав. Дали тогаш ми изгледаше реално? Можеби, но за околу 10-15 години. Животот ми се промени во изминатите 2-3 години со ненормална брзина и јас сум му многу благодарен на Бога за секоја можност и за секоја шанса што ја добивам, работата и дисциплината се многу важни и тоа ме доведе до ова денес – објасни тој.
Лукс инвестирал 30.000 евра само во 2 компјутера.
– Инвестирани се 300.000 евра, точно е. Околу 30.000 евра се инвестирани само во 2 компјутера. Навистина не сакавме да заштедиме пари, сакаме луѓето, кои навистина немаат можност да играат на премногу моќни компјутери, тука да добијат шанса за помалку пари – објасни Лукс.
View this post on Instagram