ОВА СЕ 12 НЕШТА ЗА КОИ Е ОБВИНЕТ ДУРОВ Кој е таинствениот „руски Закерберг, татко на 100 деца“?
Кој е мистериозниот „татко на 100 деца“, техномилијардерот наречен и „руски Закерберг“? Тој избегнуваше интервјуа, но во април на познатиот американски новинар Такер Карлсон му рече дека води осамнечички живот, дека не јаде месо, не пие алкохол, па дури ни кафе, дека се облекува во црно, па дека затоа личи на актерот Кијану Ривс во „Матрикс“.
Четиридневниот притвор на основачот на апликацијата Телеграм, Русинот Павел Дуров, може да трае најмногу до среда, 28-ми август. Додека франуцскиот претседател Емануел Макрон рече дека апсењето на Дуров на аеродромот Ле Бурже во саботата вечер нема политички мотив, обвинението за Дуров расте.
Меѓу 12 обвиненија за кои тоа е сослушан во париското обвинителство се и перење на кривични дела од страна на организирана криминална група, создавање на организирана криминална група заради извршување на кривични дела, незаконски обезбедување на различни криптографски алатки и услуги.
Дуров исто така е осомничен дека бил соучесник во администрирање на онлајн платформа која дозволува нелегални трансакции; дистрибуција и складирање на порнографски слики на малолетници, при стекнување, транспортирање, складирање или пренос на лекови, во измама извршена од организирана група, во незаконски пренос или обезбедување на опрема, алатки, програми или информации дизајнирани или приспособени за хакирање и пристап до функционирањето на автоматизираниот систем за обработка на податоци.
#BREAKINGNEWS 🇫🇷🇷🇺: #Telegram‘s CEO Pavel Durov charged on 12 criminal counts. pic.twitter.com/F8ueDMslmg
— Rocks D Xebec (@QuadInferno) August 26, 2024
Кој е мистериозниот „татко на 100 деца“, техномилијардерот наречен и „руски Закерберг“? Тој избегнуваше интервјуа, но во април на познатиот американски новинар Такер Карлсон му рече дека води осамнечички живот, дека не јаде месо, не пие алкохол, па дури ни кафе, дека се облекува во црно, па дека затоа личи на актерот Кијану Ривс во „Матрикс“.
На социјалните мрежи можат да се видат снимки од Дуров кој се бања во ледена вода, нешто што го практикуваат луѓето кои жестоко тренираат во теретана.
This is Pavel Durov
Russian Tech Billionaire, Owner of Telegram and TON
In 2020 he exposed the health industry and explained his approach to elite performance
Here are the 5 key things he exposed pic.twitter.com/KkgL8NlfBx
— Big Brother 👁️ (@BigBrotherEP) August 25, 2024
Веста дека тој е татко на повеќе од 100 деца излезе во јули кога тој се пофали дека благодарение на донации на сперма во десетина земји ја извршил граѓанската должност.
Неговата партнерка Јулија Валова за која се тврди дека е негова девојка е експертка за криптовалути. Таа на социјалните мрежи често објавувала заеднички фотографии со Дуров. Се тврди дека и таа е уапсена со Дуров.
Дуров стана познат како „рускиот Закерберг“ кога ја основаше социјалната мрежа ВКонтакте, рускиот Фејсбук. По судирот со властите тој ги продаде своите акции во ВКонтакте и го основаше Телеграм, кој брзо порасна.
Критичарите веднаш нагрнаа со своите коментари дека на Телеграм недостасува контрола врз екстремните содржини. Дуров се залагаше за доверливост на Интернет и шифрирање во комуникацијата. Тој упорно одбиваше да дозволи модерирање на пораките на Телеграм.
Тој ја напушти Русија во 2014 година. Во меѓувреме, Телеграм редеше успеси, претставувајќи се како заштитник на индивидуалните слободи, отфрлајќи ја „цензурата“ и ја штити приватноста на своите корисници.
„Попрво би бил слободен отколку да примам наредби од некого“, наводно рекол Дуров во 2014 година.
Ова им пречеше на властите, особено во неговата земја, а во 2018 година московскиот суд нареди да се блокира апликацијата. Сепак, спроведувањето на оваа мерка беше хаотично и три дена подоцна, демонстрантите иронично го бомбардираа седиштето на Федералната служба за безбедност(ФСБ) со хартиени авиони, симболот на Телеграм.
Оттогаш, Русија се откажа од напорите да го блокира Телеграм.
Меѓу другото, оваа социјална мрежа одигра клучна улога во војната на Русија против Украина, како што објавија блогерите од двете страни кои објавуваат свои анализи и видеа од борбите.
Зголемената популарност на платформата доведе до зголемена контрола од неколку европски земји, вклучително и Франција, поради загриженоста за безбедноста и прекршувањето на податоците. Технолошките регулатори на Европската унија беа во контакт со Телеграм во врска со неговата усогласеност со новите закони за онлајн содржина.
Дуров беше уапсен како дел од истрагата против неименувано лице, започната на 8 јули од страна на единицата за компјутерски криминал на бирото, се вели во соопштението на париската обвинителка Лоре Бекуа. Обвинителството додава дека иницијатор на почетокот на јули бил одделот на париското обвинителство за борба против компјутерскиот криминал.
„Апсењето на директорот на Телеграм на територијата на Франција се случи како дел од тековната судска истрага. Ова во никој случај не е политичка одлука. На судиите им останува да судат“, напиша Макрон на Икс додавајќи дека Франција останува длабоко посветена на легитимната слобода на говорот.
Москва го предупреди Вашингтон да ги почитува правата на Дуров.
Исто така, милијардерот Илон Маск, сопственик на познатата социјална мрежа Икс, рече дека во Европа е нападната слободата на говорот. Маск алудираше на заканите што му ги упати Европската унија непосредно пред емитувањето во живо на интервјуто со Доналд Трмап кого го поддржа во трката за претседател на САД.
Менаџментот на Телеграм, во кусото соопштение објавено по полноќ по париско време кон понеделникот, не даде детали за апсењата, но рече дека компанијата со седиште во Дубаи ги почитува законите на Европската унија и дека нејзиното управување со онлајн содржините е „во рамките на индустриските стандарди и постојано се подобрува“.
„Извршниот директор на Телеграм, Павел Дуров, нема што да крие и често патува низ Европа. Апсурдно е да се тврди дека платформата или нејзиниот сопственик е одговорен за злоупотребата на таа платформа (…) Чекаме брзо решение за оваа ситуација. Telegram е со сите вас“, објави компанијата.
Дуров има двојно државјанство на Франција и на Обединетите Арапски Емирати. Емиратите соопштија дека внимателно го следат случајот.
Тој има 39 години и руско потекло, роден е во Русија, но поминал голем дел од детството во Италија и е државјанин на ОАЕ, Франција, Русија и на карипската островска држава Сент Китс и Невис.