📷 ОВА ГО ИМА И ВО БЕЛГРАД! Автомобил пропадна во асфалтот во елитна белградска населба

Огромна дупка во асфалтот го проголта паркираниот автомобил во познатата белградска населба Врачар.

1,079

Необична глетка ги затекна денеска белграѓани во елитната населба Врачар. Автомобил речиси целосно пропадна во асфалтот на улицата Кичевска во населбата Врачар.

Според првичните сознанија дел од асфалтот се урнал поради пукање на водоводна цевка. Според фотографија објавена на социјалната мрежа Икс, паркиран автомобил паднал во огромната дупка во асфалтот.






Утринава околу 4 часот пукнала водоводна цевка и се излеала вода на неколку улици. Поради големото количество вода, во тој дел на Белград не сообраќале трамваи, пишува Кликс.

Улицата е затворена за сообраќај, а местото каде што пропаѓа асфалтот го обезбедуваат припадници на МУП.

Поврзани содржини