ОВА Е ЗА ТЕБЕ ДЕДО! Нашиот млад винар го претставува вранецот што го носи името на дедовиот црн пастув
Нашето ново вино „Камбер“ е посветено на мојот дедо бидејќи секоја засадена лоза е помината преку негови раце, сите работни активности во лозјето сум ги научил од него, но за жал, не дочека да отвори вино од своето лозје. Па затоа, ова е за тебе дедо!, вели штипјанецот Филип Камчев кој своите емоции ги преточил во овој нов бисер на семејната винарија Киево.
Симпатичниот Филип Камчев, е енолог и сопственик на малата семејна винарија Киево која, за разлика од повеќето мали винарии кај нас, не е лоцирана во Тиквешијата. Неговата винарија се наоѓа во Штип и е веројатно единствена мала винарија во овој град.
Ова за него никако не е хендикеп, напротив, ужива во тоа на своите сограѓани да им ја доближи својата работа и самиот процес на производство на вино и најсреќен е кога луѓето имаат интерес за ова.
„Во Штип има 3 големи винарии, но само една семејна (барем регистрирана) освен ако во меѓувреме некој не се регистрирал, но не сум информиран за тоа. Од една страна, тоа е добро бидејќи сме единствени од тој калибар, но од друга страна и не е добро бидејќи самата атмосфера во градот не е многу винска, за разлика од Кавадарци на пример, каде што здружението „Тиквешки семејни винарии“ или по ново „Македонски семејни винарии, во кое сме членови речиси од самиот почеток на нашиот вински пат, даваат огромен придонес за подигањето на винската култура. Организираат настани, саеми, нудат посети на нивните винарии, се препорачуваат едни со други (не се гледаме како конкуренција бидејќи имаме иста политика на производство и цели за кои треба заеднички да се бориме!“, објаснува нашиот млад соговорник.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.