🎥 ОВА Е НЕВЕРОЈАТНО, ЦЕЛИ ЗГРАДИ ПОТОНАА ВО СНЕГ Страшна снежна бура во Камчатка во Русија
Спасувачките и комуналните служби копаат коридори низ снегот за да обезбедат пристап до станбени згради и да им помогнат на загрозените.
Серија силни снежни циклони ја погодија руската Камчатка и го парализираа секојдневниот живот, особено во регионалниот центар Петропавловск-Камчатски и во градот Вилјучинск.
Јавниот превоз е прекинат, училиштата се затворени, а расчистувањето на улиците се одвива со големи тешкотии поради масивните снежни наноси. Локалните власти воведоа вонредна состојба за да мобилизираат дополнителна механизација и служби.
Според официјални податоци од надлежните служби, во најпогодените делови снегот достигнал висина до нивото на вториот кат на зградите, а на повеќе места влезовите се целосно затрупани. Во само еден ден биле измерени обилни врнежи, а за два дена паднала повеќе од половина од просечната месечна количина снег, што доведе до ситуација во која цели квартови останаа практично отсечени.
Невремето однесе и човечки животи. Најмалку две лица загинаа откако биле затрупани од снег кој паднал од покриви, што ги натера властите да наложат итно чистење на објектите. Опасноста од лизгање снег и мраз е зголемена поради променливите температури и силниот ветер, а граѓаните се повикани на максимална претпазливост.
Rusya’nın Kamçatka Bölgesi😂😂😂
Harika !#Россия#Камчатка pic.twitter.com/LE9wHRIggL— MURAT 🇹🇷 (@MURATUSS) January 18, 2026
На терен, спасувачките и комуналните служби копаат коридори низ снегот за да обезбедат пристап до станбени згради и да им помогнат на луѓето на кои им е неопходна асистенција, особено на постари и лица со ограничена подвижност. Дел од жителите се евакуирани или превезувани со специјални возила, бидејќи вообичаениот транспорт е нефункционален.
Метеоролозите предупредуваат дека екстремните услови ќе продолжат и во наредните денови, а целосната нормализација на животот во Камчатка ќе бара време и значителни напори.