🎥 ОВА Е НАЈСМРТОНОСНИОТ ПОЖАР ВО ДИСКОТЕКА ВО БРАЗИЛ ВО 2013 ГОДИНА Како една искра одзеде 242 животи?

Во пожар што избувна во клубот, животот го загубија 242 млади луѓе, а над 600 беа повредени. Сцените од ноќта на 26 јануари 2013 година засекогаш останаа врежани во колективната меморија на Бразил, како потсетник на катастрофалните последици од занемарените безбедносни протоколи.

2,809

Една обична саботна вечер се претвори во најцрниот кошмар за жителите на Санта Марија, Бразил. Наместо музика, смеа и забава, дискотеката „Kiss“ стана место на невидена трагедија.

Во пожар што избувна во клубот, животот го загубија 242 млади луѓе, а над 600 беа повредени. Сцените од ноќта на 26 јануари 2013 година засекогаш останаа врежани во колективната меморија на Бразил, како потсетник на катастрофалните последици од занемарените безбедносни протоколи.






Една искра – стотици изгубени животи

Во клубот таа ноќ имало повеќе од 700 гости – студенти од различни факултети кои дошле да прослават.

Дискотеката, веќе преполна, не водела грижа за безбедноста.

„Колку повеќе луѓе, толку подобро“ – било неофицијалното мото на локалот, не размислувајќи за ризиците.

Настапот на два познати бразилски бенда требало да биде врвот на вечерта, но токму на сцената започнала трагедијата.

Околу 2 часот по полноќ, музичарите запалиле пиротехнички средства – нешто што беше и забрането во затворени простори.

Искрите ја зафатиле звучната изолација на таванот, направена од запалива пена. Огнот експлодирал низ просторијата за неколку секунди, а густ, токсичен чад почнал да се шири.

Пекол без излез

Паниката завладеала во клубот. Стотиците гости, заслепени од чадот и од пламените јазици, тргнале кон единствениот излез – вратата низ која сите влегле.

Но, како што подоцна ќе открие истрагата, вратата првично била заклучена. Обезбедувањето, верувајќи дека некој се обидува да излезе без да плати, ја блокирало вратата.

Во моментите што следеле, луѓето биле фатени во стапица. Густиот чад ги задушувал, додека телата се гмечеле едно врз друго во обид да побегнат.

Некои мислејќи дека вратата на тоалетот е излез, втрчале внатре – над 180 тела подоцна биле пронајдени таму, без да најдат излез од смртта.

– Се обидовме да излеземе, но немаше каде. Сите се туркаа, плачеа, викаа… беше ужасно. Луѓето паѓаа на подот, а другите газеа врз нив – сведочел еден од преживеаните.

Кои беа виновниците?

Истражителите утврдија дека пожарот бил предизвикан од нелегална пиротехника, несоодветна за затворени простори. Но, тоа беше само дел од проблемот.

Дискотеката имала фалсификувани безбедносни документи – во нив било наведено дека има два излеза за итни случаи, иако во реалноста постоел само еден.

Противпожарните апарати биле нефункционални, а локалот бил пренатрупан со луѓе, многу над дозволената граница.

По трагедијата, властите уапсија неколкумина – сопствениците на клубот, двајца членови на бендот и уште неколку лица поврзани со организацијата.

Судот на крај ги осуди сопствениците на „Kiss“ на 22 и на 19 години затвор, додека членовите на бендот добија по 18 години казна.

Последици и пораки

Шокот и болката што ја предизвика оваа трагедија го променија Бразил. Властите итно започнаа засилени инспекции и затворија над 58 локали низ земјата поради безбедносни пропусти.

Десет години по пожарот, приказната за ноќта кога Санта Марија изгуби 242 души доби нова форма – Netflix сними мини-серија The Endless Night (Todo Dia a Mesma Noite), која го реконструира целиот настан и правната битка што следеше.

Но, вистинското прашање останува – дали светот навистина научи нешто од оваа трагедија?

Дали човечката алчност и негрижа повторно ќе предизвикаат нови пожари, нови солзи и нови загуби?

Трагедијата во Кочани, како и многу други низ светот, покажува дека одговорот е болен – но очигледен.

Поврзани содржини