ОВА Е „НАЈПАМЕТНИОТ“ ЧОВЕК НА СВЕТОТ Има само 11 години и има повисок коефициент на интелигенција и од Ајнштајн и од Стивен Хокинг

735

Јусуф Шах, момче кое живее во Лидс, Велика Британија, според тестот за интелигенција на Менса, е „попаметен” и од Ајнштајн и од Стивен Хокинг.

– Сите на училиште мислат дека сум многу паметен и отсекогаш сум сакал да знам дали сум во првите 2 отсто меѓу луѓето кои го полагаат тестот Менса – изјавило момчето за „Јоркшир ивнинг пост”.






11-годишниот Шах на тестот освоил 162 поени, тоа е неговиот коефициент на интелигенција. Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг, за споредба, имале коефициент на интелигенција од околу 160.

Шестоодделенецот сака да учи математика на Оксфорд или на Кембриџ. Неговиот татко вели дека тој едноставно има природно чувство за математика.

– Дури и неговите учителки, секогаш кога ќе ги добиеме извештаите од училиштето, велат: „Нема што да го учиме, тој веќе знае сè” – се фали таткото на малиот генијалец.

 

Јусуф ужива во сè што го стимулира неговиот мозок. Прв пат почнал да си игра со Рубикова коцка во јануари оваа година, откако видел една во домот на својот пријател и до крајот на месецот можел со леснотија да ја намести.

Неговиот помлад брат Калид, на возраст од 8 години, исто така се надева дека ќе го положи тестот Менса кога ќе биде повозрасен, но веќе почнал да оди по стапките на својот брат, интересирајќи се за Рубикова коцка.

Во 2019 година, кога Јусуф имал 7 години, пронашол математички феномен кој сега е познат како „Јусуфово правило на квадрат“. Таткото Ирфан контактирал професор по математика на Универзитетот Кембриџ, на кој му понудил објаснување за овој феномен.

 

Поврзани содржини