ОВА Е НАЈЛОШАТА ХРАНА ЗА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА Што се гитрогени и во кои намирници ги има?

Постојат неколку видови на болести на тироидната жлезда, како што се хипертиреоза, хипотиреоза, тироидитис и Хашимото тироидитис

1,249

Сите знаат колку е важно правилното функционирање на тироидната жлезда. Практично, какви и да имате проблеми и тешкотии – од намалување или зголемување на телесната тежина, нестрпливост, проблеми со спиењето, логично е прашањето дали сте ги провериле хормоните на штитната жлезда.

Постојат неколку видови на болести на тироидната жлезда, како што се хипертиреоза, хипотиреоза, тироидитис и Хашимото тироидитис, а сите тие можат да бидат предизвикани од различни работи како што се недостаток на јод или дури и генетика.






Диететичарката Моли Хембре, за порталот „EatThis“, напоменува дека најчеста состојба на тироидната жлезда е неактивна жлезда или „хипотиреоза“, чија примарна причина е ненамерното зголемување на телесната тежина.

Иако многумина мислат дека проблемите со тироидната жлезда се поврзани со бременоста или наследноста, храната исто така има големо влијание врз состојбата на тироидната жлезда.

Ако ви е дијагностициран проблем со тироидната жлезда, најлоша храна е онаа која содржи гиотрогени.

Имено, ваквата храна ја попречува синтезата на хормоните на штитната жлезда, што значи дека ситуацијата во одреден момент може да се влоши.

Во трудот објавен во „Британскиот медицински журнал“, истражувачите откриле дека урамнотежената исхрана игра важна улога кога ќе се фокусирате на проблемите со тироидната жлезда. Консумирањето прекумерни количини на храна во една насока со исклучување на друга може да влијае на работата на оваа жлезда. На пример, премногу масти и јод.

Според Хембре, гитрогените вклучуваат неварен зеленчук од семејството на зелка како брокула, карфиол и зелка, како и соја и просо.

Меѓутоа, за да се ослободите од некои потенцијални негативни ефекти на зеленчукот, можете едноставно да го загреете.

– Загревањето на зеленчукот од семејстовото на зелка ја елиминира неговата гитрогена активност – вели Хембре и додава: „А, ако јадете неварен зеленчук од семејството на зелка и соја во умерени количини, се чини дека тоа не претставува закана за здравјето на тироидната жлезда. Сепак, повеќето диететичари советуваат целосно да се елиминира просото од исхраната“.

 

 

Поврзани содржини