📽 ОВА Е БОГОХУЛИЕ Некој ги запалил гробиштата на „Вагнер“ во Иркутск?

Ова е богохулие. Луѓето гинеа за Русија, а вие им ги срамнивте сите гробови, вели човек на снимката, облечен во маичка од групата „Вагнер“.

3,112

Гробиштата на починати платеници на групата „Вагнер“ во Иркутск во областа Самара во Русија изгледа се вандализирани, запалени и уништени, сугерира видео кое почна да се шири по социјалните мрежи. Се работи за гробишта во селото Николаевка каде се прикажани крстови и бројот 2023 испишан на гробните плочи.

– Ова е богохулие. Луѓето гинеа за Русија, а вие им ги срамнивте сите гробови – вели човек на снимката, облечен во маичка од групата „Вагнер“.






Во меѓувреме, руските власти денеска објавија дека остатоците од десетмината загинати во авионот во кој наводно беше водачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, според ДНК-аналзите се совпаѓаат со списокот на луѓе кој претходно беше објавен во јавноста.

Со други зборови, официјален Кремљ потврди дека Пригожин е мртов.

 

Поврзани содржини