ОТВОРЕН Е НАТПРЕВАРОТ „ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2022“ Можност за развој и поддршка на зелени бизниси

„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во земјите од Западен Балкан и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 или 5.000 долари за реализација на идејата во својата земја.

190

Со вклучување од Чучер Сандево, од просториите на Ракатрак- едукативен центар за животни вештини и локален зелен бизнис, здружението „АРНО“  на 23. февруари, преку хибриден настан, го одбележа почетокот на натпреварот за зелени идеи и ги повика граѓаните да аплицираат со свои зелени бизнис идеи до 26-ти април. Пријавите за натпреварот и сите информации се достапни на веб-страницата: https://zeleniidei.mk/.

„Последниот зелен бизнис кој ни донесе награда од регионалниот натпревар (О-круг)  е идеја која иако не беше официјализирана имаше прототип и наскоро очекуваме од овој стартап да добиеме природни ароматизери од кори од портокал. Повторно апелираме до сите потенцијални апликанти да го искористат времето до крајот на натпреварот, да се вклучат во работилниците кои ги нудиме и да развијат солидни апликации, во кои ќе се видат искрените намери, но и конкретните производи и услуги што ќе ги нудат. Мораме да работиме на силни бизнис модели со пазарни стратегии, кои секако ќе имаат вредности од зеленото и социјалното претприемништво“, изјави Ирина Јаневска од АРНО.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини