📽️ 📸 ОТПЛОВИ НАЈГОЛЕМИОТ КРСТОСУВАЧ НА СВЕТОТ Сите се загрижени колку метан испушта, но зад кулисите се крие скандал со силување?

Изградбата на „Икона на морињата“ чинеше две милијарди долари. На најголемиот брод за крстарење има седум базени, шест тобогани и повеќе од 40 ресторани, барови и салони. Додека научниците се грижат за тоа колку метан ќе испушти бродот во својата околина, „Њујорк Тајмс“ пишува дека „зад кулисите на луксузот“ на ваквите големи крстаречки бродови се кријат огромен број случаи на силување и сексуални напади.

2,537

Најголемиот брод за крстарење на светот исплови од Мајами, Флорида, на своето прво патување, но постои загриженост за емисиите на метан од бродот, јави Би-Би-Си. Бродот Icon of the Seas (Икона на морињата) долг 365 метри има 20 палуби и може да смести најмногу 7.600 патници. Тој е во сопственост на „Royal Caribbean Group“.

Бродот оди на седумдневно патување со запирања на островите во тропските предели. Метанот е многу помоќен стакленички гас од јаглерод диоксидот. Иако согорува почисто од јаглерод диоксидот постои можност тој да „избега“ во воздухот.






Додека научниците се грижат за количеството метан кое крузерот ќе го испушти, „Њујорк Тајмс“ пишува дека „зад кулисите на луксузот“ на ваквите големи крстаречки бродови се кријат огромен број случаи на силување и сексуални напади. Бројката пријавени случаи го достигнала рекордот во 2023 година со 131 пријавен инцидент, наспроти 87 во 2022 година и 101 во 2019 година, пред пандемијата на корона.

Експертите предупредуваат дека реалниот број на инциденти е веројатно многу поголем.

Изградбата на „Икона на морињата“ чинеше две милијарди долари. На најголемиот брод за крстарење има седум базени, шест тобогани и повеќе од 40 ресторани, барови и салони.

Компанијата „Royal Caribbean“ тврди дека „Иконата на морињата“ е енергетски поефикасна за 24 отсто отколку што бара Меѓународната поморска организација за модерни бродови. Компанијата планира да воведе брод со нето-нула емисии до 2035 година.

Иако ЛНГ согорува почисто од традиционалните поморски горива, како што е мазутот, постои ризик да „избега“ дел од гасот, што ќе предизвика истекување на метан во атмосферата.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини