ОТПАКУВАН НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕСКОП НА ДЕНЕШНИЦАТА Со Џејмс-Веб ќе ѕирнеме до работ на универзумот
Да, најубавото видео за отпакување оваа недела не е од играчка или некој гаџет. Наместо тоа, тоа е Џејмс Веб – орбитална опсерваторија толку напредна што некои експерти мислат дека најверојатно ќе ги открие првите докази за вонземски живот.
Наследникот на телескопот Хабл, златниот Џејмс-Веб со шестоаголни огледала беше отпакуван, а ќе биде лансиран во вселената на 18 декември годинава, пишува Футуризам. Џејмс-Веб ќе ни даде можност да ѕирнеме до најдалечните краеви на универзумот, да видиме како се формирале првите галаксии и да провериме дали егзопланетите за кои мислиме дека има живот и вода навистина изгледаат така одблиску. Ќе ја прима светлината на средна инфрацрвенa фреквенција, а ќе работи замрзнат на апсолутна нула – за да нема грешки.
Откако го симнаа од чамецот, службениците го влечкаа до космодромот на ЕСА, каде што облекоа заштитна опрема и го извадија од неговата огромна кутија. Вселенскиот телескоп, висок повеќе од 10 метри и тежок шест тони, е најнапредниот што досега изграден.
Да, најубавото видео за отпакување оваа недела не е од играчка или некој гаџет. Наместо тоа, тоа е Џејмс Веб – орбитална опсерваторија толку напредна што некои експерти мислат дека најверојатно ќе ги открие првите докази за вонземски живот.
Џејмс-Веб бил хомосексуалец вработен во НАСА
Колку и да е извонреден телескопот на техничко ниво, сепак, не е без контроверзии. Џејмс Веб, администраторот на НАСА по чие име е именувана орбиталната опсерваторија, претседаваше со вселенската агенција за време на ерата во која компанијата буквално „спроведуваше лов на вештерки“ против вработените хомосексуалци.
Научниците во НАСА и во странство се спротивставија на името, кое беше наметнато на проектот долго откако започна, но безуспешно. Еден советник на НАСА дури и си поднесе оставка во знак на протест.
Проблематично име или не, телескопот треба да се упати во вселената следниот месец и контроверзноста за неговото име не ја намалува извонредната работа од страна на научниците ширум светот, ниту на истражувањата кои ќе се направат со него.
Сто луѓе се грижат за нашето најголемо огледало
Сепак, пред што било од тоа, џиновскиот телескоп сè уште треба да стигне до вселената. Прво беше испорачан од објект на Нортроп Груман во Калифорнија преку Панамскиот канал, во едно опасно патување за кое раководството на НАСА приватно се загрижи дека може да биде цел на пирати, за конечно да стигне во Француска Гвајана, каде што е планирано да биде лансиран со ракета Аријана 5.
„Кампањата за лансирање на Веб вклучува повеќе од 100 специјалисти“, напишаа од ЕСА под видеото. Тимовите ќе работат одделно за да ги подготват телескопот и носачот додека не станат еден комбиниран тим кој ќе го спои телескопот со неговата ракета за значајно подигнување“.