ОТКРИЕНО КАКО БИЛ УБИЕН АЈАТОЛАХОТ „Сини врапчиња“ паднале од работ на атмосферата?

Израел тврди дека го намамил иранскиот врховен лидер да излезе од бункер со внимателна измама. Потоа следувал удар со ракети „Сино врапче“, оружје што се искачува до работ на атмосферата пред да ја погоди целта во Техеран.

883

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи бил ликвидиран во прецизна операција со ракети „Сино врапче“. Нападот, според израелските извори, бил изведен со сложена измама и со оружје што излегува до работ на вселената пред ударот.

Израелската армија откри нови детали за акцијата. Тврдат дека операцијата била подготвувана долго време и дека клучна улога имала разузнавачката мрежа, пишува британски „Телеграф“.






Шабат како маска, удар како молња

Израелските генерали намерно создадоа впечаток дека војската се повлекува за викенд. Во петокот биле објавени фотографии што покажувале како раководството го напушта штабот во Тел Авив и се враќа дома на вечера за Шабат.

Но, генерали и офицери се вратиле подоцна. Дел од нив влегле во штабот маскирани.

Ова, според израелските извори, го одвлекло вниманието на Техеран. Иранското раководство поверувало дека нема непосредна опасност.

30 „врапчиња“ врз палатата во Техеран

Во саботата изутрина израелски авиони, меѓу нив и „Ф-15“, полетале околу 7:30 часот по иранско време. Два часа подоцна биле на позиција.

Нападот започнал во 9:40 часот.

Израелските сили лансирале бараж од околу 30 ракети. Меѓу нив биле и ракетите „Сино врапче“, кои можат да излезат до работ на вселената пред повторно да влезат во атмосферата и да ја погодат целта.

Целта била комплексот на Хамнеи во улицата Пастер, во срцето на Техеран.

 

До работ на атмосферата и назад

Ракетите „Сино врапче“ се произведуваат во Израел. Тежат околу 1,9 тони и имаат дострел од околу 2.000 километри.

Првично биле создадени во 2013 година за тестирање на системи за воздушна одбрана. Подоцна биле адаптирани како ракети воздух-земја.

Откако ќе бидат лансирани од борбени авиони, бустер-ракета ги носи до горните слоеви на атмосферата. Потоа боевата глава се одвојува, повторно влегува во атмосферата и се насочува кон целта.

Поради огромната брзина, овие ракети се исклучително тешки за пресретнување.

 

„Го знаевме Техеран како што го знаеме Ерусалим“

Според израелски извори, операцијата била поддржана со масивна разузнавачка кампања. Мосад успеал да добие пристап до голем дел од камерите во Техеран.

Снимките биле пренесувани во Тел Авив. Така биле следени движењата на телохранителите и распоредот на обезбедувањето.

Еден агол од камерите покажал каде телохранителите ги паркираат возилата. Тоа им помогнало на агентите да ги анализираат рутините околу комплексот.

– Го знаевме Техеран исто толку добро колку што го знаеме Ерусалим – изјавил израелски разузнавач за „Фајненшл тајмс“.

Прекинати телефони, прекинати животи

Во моментот на нападот биле исклучени десетина мобилни кули во близина на комплексот. Телефоните изгледале зафатени и обезбедувањето не добивало предупредувања.

Во нападот загинале и високи ирански функционери.

Меѓу нив контраадмиралот Али Шамкани и командантот на ИРГК, генерал-мајор Мохамад Пакпур. Убиени биле и членови на семејството на Хамнеи.

Меѓу жртвите е и неговата сопруга, 79-годишната Мансур Хоџастех Багерзаде.

Поврзани содржини